Реклама

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Македонија

КС Групацијата ја продолжува својата мисија за поддршка на образованието

КС Групација, повторно демонстрирајќи ја својата посветеност кон грижата за унапредување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

КС Групација, повторно демонстрирајќи ја својата посветеност кон грижата за унапредување на општеството и отворање на нови можности за младите, на пригодна свеченост во срцето на Битола, ја претстави својата програма за стипендирање и додели признанија на минатогодишните стипендисти за нивните извонредни академски достигнувања. 

На церемонијата беа доделени стипендии и пофалници на студентите Валентин Стојановски и Петар Митревски од Факултетот за информациски и комуникациски технологии, Анамарија Крстевска и Анастасија Велевска од Меѓународен Славјански Универзитет, како и на средношколецот Марко Зајков од СОУ „Јане Сандански“. 

Посебно внимание привлече доделувањето на стипендијата на Ивана Атанасовска, студентка на Мехатроника при Техничкиот факултет во Битола, која ја започна својата прва година на студии. 

Реклама

„Како добитничка на стипендијата, чувствувам огромна благодарност и мотивација да продолжам да ги истражувам моите интереси во областа на мехатрониката. Студиите на Техничкиот факултет ми нудат можност да се здобијам со напредни знаења и вештини кои ќе ми помогнат да го достигнам својот целосен потенцијал. Стипендијата не е само финансиска поддршка, туку и поттик да продолжам да работам напорно и да ги остварам моите професионални и лични цели, воедно и да се вработам во КС Групацијата,“ изјави студентката Атанасовска.

Програмата за стипендирање на КС Групацијата е дел од долгорочната стратегија за поддршка на образованието и младите таленти во Македонија.

Како дел од своите активности, КС Групацијата активно работи на различни иницијативи кои имаат значително влијание врз општеството. Меѓу нив се спонзорирањето на спортисти и спортски тимови, организирање и поддршката на спортски турнири и настани, како и модернизирањето на училиштата преку обезбедување на современа опрема.

Дополнително, Групацијата вложува во здравството преку донации на медицинска опрема за болници и клиники, како и организирање на крводарителски акции во соработка со Трансфузиологија и Црвениот крст на Битола. 

Кампањите за подигнување на здравствената свест со фокус на превентивната заштита, поддршката на уметниците, културните организации и македонската музика, како и менторството на ученици и студенти, се исто така уште еден сегмент каде што се вложува во унапредување на општеството.

Финансиската директорка на КС Групацијата, Ивона Шурбевска, порача дека поддршката на младите е инвестиција во иднината на општеството.

„Горди сме што преку оваа програма можеме да им помогнеме на талентираните ученици и студенти да ги остварат своите цели. Корпоративното портфолио од  хетерогената структура убедени сме дека претставува предност во деловниот свет, каде што на едно место се спојуваат различни интелектуални идеи, искуства и знаења. Брзината на нашиот успех е резултат на нашата посветеност и она што сакаме да го постигнеме. Предизвик не е да се избере најдобрата инвестиција, предизвик е да се избере вистинската. Луѓето пред сѐ, заедно можеме повеќе, е мотото коешто не обединува и води кон заедничките цели“, истакна Шурбевска.

Компаниите кои се дел од КС Групацијата и активно придонесуваат кон реализацијата на овие проекти се: „Агроброд“, „Евротип“, „Голд Слот Клуб“, „Голд Фелициа“, „КС Сервис“, „Премиум Сејфти Солушн“ и „77битс“.

Маркетинг директорката Елена Трајчева упати благодарност до вработените, со посебно признание за нивните неуморни заложби до Благој Наумовски, Ивона Тасевска, Дејан Војводиќ, Магдалена Ристевска, Христијан Брсакоски, Александар Златановски, Билјана Јанчева, Виктор Новков, Стефан Стефановски, Јелена Шутевска и Валентина Серафимовска.

„Без задршка го јакнеме капацитетот на нашата Групација и константно се мотивирани да придонесуваме за нашето општество. Веруваме дека ваквите проекти претставуваат пример за корпоративна општествена одговорност и поттик за сите компании да вложуваат во образованието и младите. КС Групацијата ќе продолжи да работи посветено на создавање можности за младите и да го јакне општествено-економскиот развој на земјата,“ истакна маркетинг директорката Елена Трајчевска.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Битола Тони Коњановски, заедно со останати еминентни личности од државата кои се соработници и поддржувачи на КС Групацијата.