Реклама

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Македонија

УНИЦЕФ и МОН заеднички работат за создавање подобра иднина за сите деца во Македонија

Само со оптимизирање на училишната мрежа, ќе се подобри квалитетот на образованието.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само со оптимизирање на училишната мрежа, ќе се подобри квалитетот на образованието. Според анализите на УНИЦЕФ, од вкупниот број на ученици 88% учат во 353 централни училишта, а само 12% учат дури во 518 подрачни училишта. Тоа значи дека дел од учениците се изолирани и немаат можност за добивање на квалитетно образование и социјализација. Затоа е потребно оптимизираност, освен учениците корист ќе имаат и општините.

„На овој начин ќе се искористат овие простори, а и ќе се намалат режиските трошоци, кои сега навистина сметаме дека се пшреголеми, во преголем обем, а со носење на учениците во централните училишта ќе придонесат за намалување на тие трошоци„ изјави министерката за образование, Весна Јаневска.

Со процесот се опфатени 23 општини, а Штип е меѓу првите со вакво искуство.

Реклама

„Таков пример е училиштето во Ново Село. Просториите каде се одвиваше наставата, поради намалениот број на интерес и број на ученици се преадаптираше во простории за целодневен престој„ изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

„Сакаме да им обезбедиме најдобар квалитет на образование на децата. Во некој има премалку, а во други училишта има премногу деца. Сакаме тоа да се регулира на правилен начин и да овозможиме една поволна средина за сите ученици подеднакво„ изјави преставничката на Уницеф, Лесли Милер.

Што се однесува до зимскиот распуст, тој почнува од 1 јауари, а до крајот на годината вработените во образованието ќе го добијат регресот за годишен одмор.

Александра Ристевска