Реклама
Македонија

Народна банка со препораки до граѓаните за безбедно онлајн купување

Денеска почнува Black Friday, ден во кој повеќето производи за широка потрошувачка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска почнува Black Friday, ден во кој повеќето производи за широка потрошувачка се нудат по намалени цени.

Народната банка на својата Фејсбук страна објави препораки до граѓаните за безбедно онлајн купување. Оттаму велат дека купувањето преку интернет е лесно и брзо, но дека заштитата на сопствените финансии е од суштинско значење.

Од Народната банка препорачуваат да се купува од безбедни веб страници и секогаш да се побара „https://“ и икона за катанец во лентата за веб-адреси. При купување да се користат безбедни интернет врски, односно никогаш да не се купува преку јавна Wi-Fi мрежа и редовно граѓаните да ги проверуваат сопствените банкарски изводи за неовластени трансакции.

Реклама

-Овозможете двофакторна автентикација: Додадете дополнителен слој на безбедност на вашите сметки. Пазете се од премногу добри понуди: Ако изгледа премногу добро за да биде вистина, веројатно е! Вашата безбедност е приоритет – купувајте паметно, останете заштитени!, препорачуваат од Народната банка.

Инаку, денеска почнува Black Friday, ден во кој повеќето производи за широка потрошувачка се нудат по намалени цени.