Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Света архиерејска литургија во Охрид во чест на Митрополитот на дебарско-кичевската епархија, Тимотеј

Верниците се простуваат од третиот митрополит на дебарско-кичевската епархија г.Томитеј. Светиклиментовиот храм…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Верниците се простуваат од третиот митрополит на дебарско-кичевската епархија г.Томитеј. Светиклиментовиот храм на Плаошник беше претесен,доаѓаат од сите краишта на Македонија за да се збогуваат изразувајќи почитување и благодарност за се’ што направи.

“-Лично јас го знам затоа што повеќе време работев во црквата Плаошник.Да ви кажам беше искрен човек,човек од кого можете се’ да слушнете,убави работи и за црквата и се друго.-Ќе го паметам како добар раководител на нашава епархија,остави добри впечатоци за нас верниците; -Многу добар човек,стабилен и си ја гледа верата, ја почитува многу и затоа дојдов не сум од тука, почит да му дадам”

Митрополитот Тимотеј беше столб на МПЦ, неговите дела ќе останат врежани во историјата на нашата црква-истакна во прошталното слово Епископ Антаниски г.Партениј,кој чиноначалствуваше со светата Архиерејска литургија.

Реклама

 “МПЦ чувствува голема загуба бидејќи тоа беше еден човек мирољубив и особено придонесуваше за стабилноста и мирот во светиот архиерејски Синод. Епархијата ја водеше со голема посветеност, скоро 40 и повеќе  години, возобнови многу манастири во неговата епархија монаштвото е најбројно така што нашите милитви се со него”-рече Епископ Антаниски г.Партениј

Со владиката се збогува и градоначаникот на Охрид, ова е вели огромна загуба за целата епархија заради делата кои тој ги остави зад себе и успеа да го приближи народот до црквата.

 “Огромна е тагата, меѓутоа треба да бидеме радосни што имавме еден ваков владика во оваа епархија која што по многу нешта е значајна за Македонија не само за Охрид и овај регион”-рече Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид

Митрополитот дебарско-кичевски кој почина на 73 годишна возраст, ќе биде погребан во четврток.Ќе почива во дворот на возобновениот манастир Свети Климент и Пантелејмон на Плаошник кој е круна на неговата градителска дејност. До вечниот дом ќе го испратат голем број црковни великодостојници но и државници.

Посмртните останки на владиката г.Тимотеј се изложени овде во Светиклиментовиот храм на Плаошник.Безмалку половина од својот живот го помина како Митрополит на Дебарско-кичевската епархија.Големи се неговите заслуги и продонес на патот кон признавање на самостојноста и афтокефалноста на МПЦ.Тој придонесе многу и во зајакнување на духовниот живот во Македонија.

Росица Голабоска