Под слоганот, „Најдоброто – допрва доаѓа”, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, даде отчет за сработеното во изминатите три години. Во своето обраќање пред околу 1000 граѓани, тој истакна дека се реализирани 95 проценти од програмата, но и проекти што не биле планирани кои во комуникација со жителите се појавиле како итни и неопходни.
Низ бројки, реконструирани се улици во должина од над 59 километри во сите населби и населени места. Изградени и обновени се над 11 километри фекална канализацискана мрежа, 5 ипол атмосферска канализација како и 3,6 километри нов водовод.
Како капитален, Ѓорѓиевски го издвoи проектот за водовод и фекална канализација во населбата „Стаклара каменик“. Информираше дека Општина Кисела, веќе ја реализира фекалната канализација, а со одлуката на Владата на Македонија и премиерот Христијан Мицкоски, одобрени се 600 илјади евра за изградба и на водоводот во „Каменик-стаклара“.

Градоначалникот Ѓорѓиевски, во отчетот информираше и за инвестициите во образованието и културата како што се отворањето на кино и библиотека во Кисела Вода. Ѓорѓиевски говореше и за инвестицијата во спортската инфраструктура, изградбата на 13 спортско – рекреативни центри, 6 спортски сали, 7 паркови, 19 детски катчиња, а како круна на овие спортски проекти ја издвои целосната реконструкција на спортската сала “Рaсадник“.
