Реклама

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Македонија

Мицкоски: Нашата цел е да создадеме образовни програми кои ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината

По повод Светски ден на детето во организација на УНИЦЕФ и Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Светски ден на детето во организација на УНИЦЕФ и Владата на Република Македонија, се одржи владина седница под слоганот „Слушнете ја иднината”, каде што децата заедно со премиерот и министрите разговараа за следните теми: климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографски промени.

-Ќе работиме заедно, сите деца ќе имаат еднакви можности и ќе растат во средина која го поттикнува нивниот развој и благосостојба. Овој ден има длабоки корени во историјата на човековите права. На овој датум во 1959-та година Обединетите нации ја усвојуваат Декларацијата за правата на детето, а во 1989-тата година беше усвоена Конвенцијата за правата на детето – најшироко ратификуван договор за човекови права во историјата. Овие документи не се само правни рамки туку и морален водич за тоа како треба да се однесуваме кон нашите најмлади, најранливи членови на општеството, истакна Мицкоски.

Премиерот посочи дека се потврдува заедничката обврска – секое дете има право на грижа, образование, здравствена заштита и заштита од секоја форма на насилство и злоупотреба.

Реклама

-Но зборовите на хартија не се доволни, потребни се дела. Нашата мисија е да ги претвориме овие предизвици во можности за промени, инвестиции во образованието, пристап до здравствената заштита, заштита од злоупотреба и насилство. Ова е ден кога не смееме само да зборуваме, туку и да делуваме. Владата, граѓанските организации, наставниците, родителите и секој поединец имаат улога во оваа борба. Затоа нашата цел е да создадеме образовни програми кои ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината, да покажуваме политики кои ќе гарантираат социјална заштита за најранливите, да ги слушаме децата, да ги охрабруваме да го кажат своето мислење и да ги вклучиме во процесите на донесување одлуки, посочи Мицкоски.