Реклама

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Култура

НУЦК „Марко Цепенков“ одбележа 45 години успешно постоење

Прилепскиот храм на културата, НУЦК „Марко Цепенков“, го заокружи своето четири и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прилепскиот храм на културата, НУЦК „Марко Цепенков“, го заокружи своето четири и пол децениско успешно постоење. За првпат ставена во функција како Дом на културата на 14 ноември во далечната 1979 година, оваа исклучително важна културна институција, гордо приближувајќи се кон златниот јубилеј, веќе 45 години е јадрото на целокупното културно живеење во градот под Марковите Кули каде се одржуваат бројни културни настани. Во таа чест, и месецов, роденденски се реализираа голем број изложби, концерти и промоции. 

„На почетокот ги поттикнувал аматерските самодејности: фолклор, сликарски школи, драмски и литературни, фото-клубови. Во 90-тите години прераснува во Центар за култура со професионална издавачка, ликовно-галериска и музичко-сценска дејност, а од 2004 година е Национална установа во чии рамки влегува и НТ „Војдан Чернодрински“. Годишнината ја одбележавме со изложба на дела од Ликовната колонија „Дрен“ и со Концерт на Фиа Трио, а наредниот период следуваат уште концерти, изложби, промоции, филмски проекции“, – ни изјави Марија Попова-Јованоска, в.д. директор на НУЦК „Марко Цепенков“, Прилеп.

  Роденденските чествувања не завршуваат овде, туку истите ќе продолжат и во наредниот период со уште културни настани, но и со премиерата на театарската претстава „Господинот“ на матичниот театар „Војдан Чернодрински“, а пригодно ќе бидат одбележани и 70 години од формирањето на Списанието „Стремеж“. Интеницијата на менаџарскиот тим е во наредниот период Центарот за култура уште повеќе да се отвора кон граѓаните, а особено кон креаторите и почитувачите на културните збиднувања од различни области, бидејќи како што вели директорката, оваа установа била, е, а и ќе биде репрезент на високо-професионални театарски, литературни и ликовни дела која дава и значајна поддршка на културниот аматеризам.

Реклама

Каролина Дурло