Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Бизнис

Буџетот за 2025 на расправа во матичната собраниска комисија

Пари за повисоки плати и пензии, борба со сивата економија, економски раст…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пари за повисоки плати и пензии, борба со сивата економија, економски раст – Почна собраниската расправа за Предлог – Буџетот за 2025 година.

За власта Буџетот е развоен со социјална компонента, за опозицијата недомаќински.  Во првиот Буџет на оваа Влада на ВМРО – ДПМНЕ се предвидува раст на економијата од 3,7 проценти, а вака скроената државна каса претставува нов концепт за фискална консолидација. Повисоката проекција за раст на економијата Владата ја темели на очекуваниот инвестициски циклус кој ќе се поттикне преку финансирањето на јавниот и приватниот сектор, односно 250-те милиони евра од Унгарскиот кредит кои се наменети за финансирање на капитални инвестиции за општините и 250 милиони евра кои ќе завршат кај бизнисот. Власта е оптимист дека ќе се реализираат предвидените 820 милиони евра капитални инвестиции и се најавува градежен бум во патната и железничката инфраструткура

Ваквата визија не се темели на список на желби, таа ја темелиме на остварувањата особено во втората половина од 2024 година. Растот го темелиме на реална реализација на силен инвестициски циклус, поткрепен со висок износ на капитални расходи во Предлог-буџетот и низа мерки и политики за ефикасна реализација на планираните средства. Покрај инвестиции во јавниот сектор, развојната компонента ќе биде поддржана и преку планираниот инвестициски циклус во приватниот сектор кој ќе биде поддржан од државата преку обезбедените поволни средства од унгарскиот заем, како и проектите на локално ниво коишто ќе ги реализираат општините, рече Димитриеска- Кочоска.

Реклама

СДСМ најави дека нема да даде поддршка на Буџетот и поднесе над 200 амандмани .  Претседателот на СДСМ и пратеник Венко Филипче, упати критика за планирањето на буџетските средства. Според СДСМ со вака скроената државна каса, Владата ќе го зголемува долгот .

Овој буџет не може и не смее да биде поддржан, затоа што со вакви политики, Владата само ќе ја задолжува државата, ќе товари нови вработувања во администрацијата, ќе го зголемува долгот, ќе си троши на стоки и услуги, рече Филипче

По паузата за ручек, страстите се „вжештија“, па комисијата беше на кратко прекината поради мал инцидент. Пратеникот Фатмир Битиќи , откако му беше дофрлено од пратеничките клупи, ја прекина својата реплика и дојде до вербална расправија со пратениците од ВМРО – ДПМНЕ по што претседателката на комисијата Сања Лукаревска даде кратка пауза, по што седницата продолжи.

Инаку Државата до година планира да прибере 5,8 милијарди евра, а да потроши 6,5. Дефицитот ќе се движи на ниво од 4,4 % од БДП, а инфлацијата на ниво од 2,2 проценти.