Реклама

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Македонија

Трајков: Жените имаат моќна улога во создавањето позитивни промени

Заменик министерката за европски прашања, доцент д-р Викторија Трајков, денеска се сретна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерката за европски прашања, доцент д-р Викторија Трајков, денеска се сретна со претставници на канцеларијата на UN Women Весна Ивановиќ Кастареде, раководителка на канцеларијата на UN Women во нашата земја.

На средбата се дискутираше за важноста на родовата еднаквост и улогата на жените во општеството, како и за можностите за унапредување на соработката помеѓу институциите и UN Women во насока на подобрување на правата и економските можности на жените во Македонија. 

Трајков ја истакна важноста на поддршката на UN Women во спроведување на политиките за родова рамноправност и изрази подготвеност за понатамошно продлабочување на соработката.

Реклама

„Родовата еднаквост е основа за силно и стабилно општество. Само преку еднакви можности, можеме да изградиме посилна и поуспешна Македонија. Жените имаат моќна улога во создавањето позитивни промени, но неопходни се соодветни механизми и поддршка за нивно целосно учество,“ истакна доцент д-р Трајков.

Во текот на разговорот се отворија и можности за идни проекти и иницијативи, кои ќе се фокусираат на економско зајакнување на жените, поддршка за женското претприемништво и подобрување на законодавните и институционалните капацитети во насока на заштита на женските права.