Реклама
Македонија

„Пишете му на Илон Маск за да ни помогне да ја најдеме Вања“, кажал таткото- Палчо спиел со пиштол до глава, продолжи судењето за Вања и Панче

Преселбите на партијата Десна од Шампионче во Кисела Вода кај Веро Џамбо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преселбите на партијата Десна од Шампионче во Кисела Вода кај Веро Џамбо била причината брачниот пар Ѓорѓи Џолев и Рита Кириќ да го дадат „реното канку“ на Десна, а го возел кој стигне. Тие биле првите кои ги повикала полицијата на распит. Кириќ не била член на партијата, а Џолев сведочеше пред судот дека му била чудна поданоста на Кешишев и Манев кон Палчо, а прв кажа и дека Палчо постојано носел пиштол со себе. Нови шест сведочења за двојното убиство.

  • Влатко и Велибор Манев, дури имаа и некој поданички однос и ми беше чудно зошто така се однесуваат. На пример, со Палевски сме се расправале за физика, за други работи и во дискусии сме си повишувале тон, а тие никогаш не повишиле тон. Ми беше чуден односот“ реџе Џолев.

Дека Палчо носел пиштол со себе, потврдија и другите двајца партиски симпатизери, Кирил Тренчевски и Христијан Плотников. Оружјето му стоел до глава и додека спие се додека полицијата не му го одземала бидејќи имал дозвола за поседување но не и за носење.

  • Тој си го носеше поштолот, до оној момент кога му го одзедоа, после не сум видел пиштол. Си го држеше покрај него, на пола метар на дофат. Го држеше во фиока, на масичка. Потоа му го одзедоа затоа што излегол со пиштолот, а дозволата не му била за носење, туку за поседување. Медиумите пишуваа дека му бил одземен при контрола, а тогаш со него беа Манев и Кешишев “ – рече Плотников.

Тетката на Вања, Маја Спировска, сведочеше дека таткото на Вања додека траела потрагата, и рекол да му пише порака на Илон Маск преку сателит да лоцира каде се наоѓа ќерка му.

Реклама
  • „Исказот на овој сведок дефакто го потврдува она што ние го тврдиме уште од првиот момент, и ја покажува реалната слика и состојба на работите во моментите кога се дознава дека детето е исчезнато. Овој сведок го потврди тоа што ние го тврдиме а тоа е општа агонија кај таткото, Александар, секако и кај мајката. И таа агонија одела до тие граници и размислувања да му се јават на Илон Маск“, вели Туфегчиќ.

Додека македонската полиција трагаше по Палевски, тој му се јавувал на адвокатот пред инспекторите и тврдел дека го местат. Партискиот адвокат Васко Стојков сведочеше дека го носел Палчо да се лекува во Белград, а на пријателска база му дал 20 илјади евра за три години бидејќи бил во тешка финансиска состојба. По враќањето во Македонија, почнале претресите во партијата и апсењата на партиски членови меѓу кои и Влатко Кешишов.

  • Вечерта се јави сопругата на Палевски, вели што е ова, има полиција, ќе вршат претрес. Во тој момент се јави Љупчо, вели што е ова. Му реков „Ти си осуден според медумите, ако не си учествувал во ништо од ова, спасот ти е да се вратиш“. Рече „Знаев дека ќе ме наместат, дека ме следат“. Инспекторот рече исклучи, јас исклучив, за да видат дали се гледа бројот од кој се јавил. Потоа траеше мојот распит, им кажав сѐ“ – сведочеше адвокатот Стојков.

Судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес продолжува в петок со испрашување на нови сведоци.