Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Мицкоски: Владата ги штити македонските државни интереси

Во организација на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одржа говор на настан по повод 80 години од ослободувањето на Скопје.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото, се осврна и на проблемот со Бугарија. Мицкоски истакна дека сега Македонија има власт која ги штити македонските државни интереси.

„Различни импулси на збунетост доаѓаат од опозицијата која еднаш вели дека прифаќаме француски предлог, а другиот пат викаат дека сме против европската иднина, а всушност тие ја гледаат ненаучената лекција дека денес има влада, која ги штити македонските државни интереси и со цела сила се обидувам да издејствувам фер и достоинствено решение и барам шанса Европа да ги слушне нашите аргументи“, истакна Мицкоски.

Реклама

Мицкоски појасни дека лагите кои што ги изнесуваше СДСМ за уставните измени, ниту се случија, ниту пак ќе се случат. „Додека беа на власт, секој ден лиферуваа информации дека само што не сме попуштиле и ете сега некои наши пратеници ќе гласале за францускиот предлог“. Мицкоски дополни дека вложува труд, да се стави македонското прашање и нашата европска иднина на маса и да се разговара за фер решение.

Во однос на Бугарија, Мицкоски потенцираше дека нема да се прифаќаат секакви уцени и диктати, како што било пример изминативе години.

„Даваме се од себе, имаме интензивна комуникација со нашите стратешки партнери, но сум сигурен, тоа да бидете и Вие сигурни, дека нема ништо да прифатиме поради кои ќе Ве засрамам Вас народот и пред и над се Македонија“, заклучи Мицкоски.