Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Македонија

Венко Филипче и Зоран Заев на голема журка на Харис Џиновиќ во Дубаи?!

Наголемо се шпекулира дека Заеви веќе ги преселиле главните бизниси во Дубаи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наголемо се шпекулира дека Заеви веќе ги преселиле главните бизниси во Дубаи и дека Зоран Заев наскоро би можел да стане и жител на најголемиот бизнис центар на Блискиот Исток. Но, дали тоа значи дека Филипче редовно ќе оди на консултации и на журки во Дубаи?

На социјалните мрежи доцна синоќа осамна видео, на кое се гледаат актуелниот претседател на СДСМ Венко Филипче и поранешниот лидер Зоран Заев на забава која неодоливо потсетува на гранде журката на познатиот пејач Харис Џинови во ексклузивниот хотел „Хилтон“ во Дубаи на 25 и 26 октомври октомври годинава.

Видеото го споделија и новинарот Драган Павловиќ Латас и порталот Вечер.

Реклама

„Станува збор за приватна посета и нема да коментираме приватни посети“.

Ова го одговори портпаролката на опозициската СДСМ, Богданка Кузеска, откако ја прашавме во какво својство партискиот лидер Венко Филипче патувал во Дубаи, дали патувал сам или бил придружуван од некого, кој ги платил трошоците за патувањето и дали тој со поранешниот партиски лидер и премиер Зоран Заев водел разговори од значење за партијата или за државата.

На денешната прес-конференција на Филипче во Собранието, тој кратко одговори дека станува збор за приватна работа.

– Апсолутно не сакам да коментирам работи од мојот приватен живот – рече Филипче.