Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Поставен камен-темелник за градинка во Ѓорче Петров

Со поставување на камен темелник беше означен почетокот на изградбата на нова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со поставување на камен темелник беше означен почетокот на изградбата на нова детска градинка во општина Ѓорче Петров.

Како што истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски се работи за објект кој ќе биде со површина од околу 1.000 квадратни метри и на две нивоа.

Детската градинка ќе има капацитет за згрижување на над 100 деца. Објектот, кој ќе биде граден по најмодерни стандарди, ќе опфаќа заедничка занимална, повеќенаменски простор, просторија за изолација и просторија за индивидуална работа, гардеробер, кујна, санитарни простории и отворена занимална. Проектот го финансира Владата со еден милион евра.

Реклама

Дечињата на возраст од 0 до 2 години ќе бидат сместени во две групи на приземјето на градинката, додека првиот кат е предвиден за поголемите дечиња кои дневните програми ќе ги поминуваат во четири занимални, односно вкупно шест занимални, заедно со јаслите, поделени на два ката.

Објектот, кој ќе биде граден по најмодерни стандарди, ќе опфаќа заедничка занимална, повеќенаменски простор, просторија за изолација и просторија за индивидуална работа, гардеробер, кујна, санитарни простории и отворена занимална. Градинката ќе биде со капацитет за згрижување на 100 деца. Како што рече Стојкоски, проектот е финансиран од Владата на Република Македонија во вредност од 60.000.000 денари, а неговата околина ќе биде хортикултурно уредена, додека на останатото државно земјиште ќе биде изграден спортско – рекреативен центар кој ќе биде достапен на сите граѓани.

Премиерот Христијан Мицкоски кој присуствуваше на поставување на камен – темелникот ја честиташе успешната работа на градоначалникот

Дозволете ми оваа прилика да ја искористам да му честитам на градоначалникот, на советниците коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, се разбира администрацијата во Општината без која можеби и сето ова и не би било така како што е сега, бидејќи тоа и многу важно во овој процес. Исто така би сакал да им честитам на пратениците коишто доаѓаат од Општина Ѓорче Петров, на членовите на Владата коишто овозможуваат овие проекти заедно со Општината да бидат реалност. И се разбира да им посакам на граѓаните уште еден ваков набргу објект овдека да никне, да има повеќе дечиња и да можеме да се радуваме на повеќе вакви објекти, на повеќе дечиња да ги користат тие објекти.