Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Македонските одбојкари ќе играат во Златната лига, одбојкарките во Сребрената лига

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија трета година во низа ќе биде дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија трета година во низа ќе биде дел од силното континентално натпреварување, Златната Европска лига, откако Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија донесе одлука да достави апликација до Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) за учество во изданието во 2025 година, објави ОФМ.

Машкиот национален тим од 2014 година константно е дел од годишните натпреварувања на ЦЕВ и досега има освоено четири бронзени и два сребрени медали.

Извршниот одбор на Федерацијата даде „зелено светло“ и за учество на женската сениорска репрезентација во рамките од ЦЕВ Сребрената Европска лига 2025. Македонските одбојкарки втор пат во својата историја ќе бидат дел од ова натпреварување, откако претходно дебитираа во изданието во 2023 година.

Реклама

За машкиот и женскиот национален тим натпреварите од Златната, односно Сребрената Европска лига 2025 кои се на програмата во периодот мај – јуни следната година ќе претставуваат генерална проба во пресрет на реванш фазата од евроквалификациите, кои се играат во август 2025 година.