Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Божиновска од РЕК Битола: Очекувам стабилна грејна сезона и покрај затекнатите  предизвици во комбинатот

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска беше во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска беше во работна посета на РЕК „Битола“.  Придружувана од раководството на Комбинатот и од членови на Управниот одбор на АД ЕСМ, Божиновска непосредно беше информирана околу актуелните состојби, преземените  активности и идните планови за  најголемиот производствен капацитет  на електрична енергија во земјава.

„За жал, новите раководства на АД ЕСМ и на РЕК Битола затекнаа тешка состојба во нашиот најголем производствен капацитет. Еден блок од термоелектраните, односно  ТЕ Битола 1, воопшто не бил ремонтиран,  а веќе влеговме во грејна сезона. Таа постројка според оперативниот  план, требало да подложи на ремонтни зафати во март годинава, односно веднаш по завршувањето на претходната грејна сезона, но тоа не било реализирано.  Колку што е  возможно, во техничко-технолошка смисла, стручните екипи на АД ЕСМ и на РЕК Битола  го подготвија овој капацитет да биде на располагање на електроенергетскиот систем во текот на зимата и  периодично да се вклучува во електроенергетската мрежа“, рече Божиновска.  

РЕК Битола во моментов работи според енергетскиот биланс за овој период, со два блока.  Во претстојните месеци, доколку е потребно во план е да се активира и третиот блок. 

Реклама

„Свесни сме дека станува збор за капацитети стари преку четири децении. Вработените во РЕК Битола ги знаат сите можни предизвици и ќе направат сè што е во нивна моќ максимално да ги одржат работните процеси во термоелектраната во текот на претстојната зима. Зголемувањето на домашното производство е наш императив и добив уверување дека се преземаат сите потребни чекори за континуирано и доверливо производство на електрична енергија во текот на зимата“- рече Божиновска.  

При посетата на рудниците „Суводол“ и „Брод- Гнеотино“, министерката Божиновска беше запознаена со согледаните состојби во тие јагленокопи веднаш по промената на раководните тимови.

„Ништо подобро не било и во јагленокопите во РЕК Битола, особено во Суводол. Таму воопшто не се работело според постојните рударски проекти, па јагленокопот е затекнат без откриен јаглен. Со целосна реорганизација и натчовечки напори  на вработените,  состојбите полека се консолидираат, но секако ќе биде потребно одредено време да се дојде до поголеми и поквалитетни количини на јаглен кои ќе придонесат и за поголемо производство на електрична енергија. Во моментов, на депонијата во РЕК Битола има резерви од околу 200.000 тони јаглен. Најголемиот дел се обезбедува од ПЈС Суводол и Брод –Гнеотино. Дел од  овој енергент се увезува од Грција, врз основа на постоечки договор од март годинава.  Она што е значајно во однос на увозот на јаглен, новото  раководство на АД ЕСМ успеа да испреговара намалување на цената на услугата, со што компанијата ќе заштети повеќе од три милиони евра кои ќе бидат насочени кон инвестициски активности“.

РЕК Битола, нагласи Божиновска,  е всушност и еден од нашите најголеми приоритети во периодот што доаѓа. Една од целите ќе ни биде модернизација на комбинатот во техничко-технолошка смисла и значително подобрување на перформансите за производство. Истовремено, ќе преземеме чекори за намалување на загадувањето преку промена на електростатските филтри.