Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Економија

Историски ден за Македонија: Со засилено темпо се гради делницата Гостивар- Букојчани, од Скопје до Охрид ќе се стигнува за час и половина

После отворање на две табли, една шарена експлозија и неколку грандиозни најави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После отворање на две табли, една шарена експлозија и неколку грандиозни најави од минатата власт конечно се гледа засилената динамика на терен за изградба на коридорите 8 и 10д. Изминативе четири месеци се работело дури и тројно повеќе од изминатите две години. Премиерот вели дека преговорите со “Бехтел и Енка“ почнале уште при неговата посета на самитот на НАТО во Вашингтон и процесот е деблокиран. Целта е, вели Мицкоски, Македонија да биде домаќин на три расрсници транспортна, железничка и енергетска.

„За нас ова претставува значаен момент, бидејќи буквално по две години ветувања и празни муабети денеска конечно може да се види нешто што треба да претставува дел од оној сон којшто го имаме како Влада, а тоа е како нашата земја да биде држава домаќин на три раскрсници. А тоа е раскрсница транспортна, железничка и енергетска“, изјави Мицкоски.

Сонот стар 50 години конечно станува реалност. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најавува дека со завршување на проектот од Скопје до Охрид ќе се патува за помалку до 2 часа. Во процес на претселекција е и изборот на изведувач од Букојчани до Кичево.

Реклама

Првпат по 50 години почнуваат реални работи за изградба на овој автопат којшто ќе значи дека помеѓу главниот град на нашата држава и Охрид и Струга ќе се патува за некаде за 1,5 часа  / Најсликовито, од третата или четвртата патарина продолжува до Гостивар и тука имаме комплетно ново решение од двете страни по три ленти, вкупно шест ленти и плус помошен пат. Од тука го заобиколува градот Гостивар, се движи над реката Врадар, оди на три големи мостови кои одат лево од Стража, се заобиколува Стража, оди по планината и излегува од другата страна кај местото Букојчани. Од Букојчани над Кичево веќе ЈПДП е во претселекција за избор на изведувач за новиот автопат и понатаму од над Кичево до Охрид веќе е автопатот кој се гради, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Новата власт се соочила со бројни проблеми, најважно незавршена експропријација, а е обврска која мора да се заврши оти Македонија во спротивно со ставениот потпис од минатата Влада ќе треба да плаќа пенали

– До Нова година ќе ја завршиме ескпропријацијата целосно, а тоа ќе овозможи „Бехтел и Енка“ да работи непречено. За еден месец, расчистивме и два километри траса од дрвна маса, кој не била ни отпочната. Важно е дека работиме како тим и посветено за да се заврши овој проект – рече Трајановски.

Според американската амбасадорка, Ангела Агелер, она што се гледа на терен е само уште еден показател на добрата соработка меѓу САД и Македонија

Од конзорциумот „Бехтел и Енка“  изразија задоволство што дури 90 отсто од подизведувачите се македонски компании. Инаку делниците се дел од проектот кој е за изградба на коридорите 8 и 10 д кој го потпиша минатата Влада. Рокот за завршување е 4 години и 7 месеци.