Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Економија

Општините во очекување на парите од државниот буџет

Проектите со кои општините аплицирале на јавниот повик за поддршка од владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проектите со кои општините аплицирале на јавниот повик за поддршка од владата се очекува да бидат одобрени на денешната владина седница. Александар Николоски вели дека од страна на министерството за транспорт проектите се завршени и одобрени и дека најголем дел односно околу 90 отсто биле во тоа министерството. Претходно беше соопштено дека 80 општини со 357 проекти аплицирале на јавниот повик за финансирање проекти од Владата со парите кои власта ги обезбеди преку заем од унгарската експорт – импорт банка .

Министерството за транспорт работи на модернизација на патната инфраструктура. Министерот Николоски од Велес изрази надеж дека до пролет ќе се стартува со проектирање на брзата пруга Скопје – Велес со што на оваа релација ќе се патува 25 минути. Во поглед на овој дел од државата се работи на изградба на нов мост на река Вардар, Башино село кој е најкритична точка за влез во Велес и не може да се санира.  Се работи и на реконструкција на делницата Башино село  до мостот во вредност од 44 милиони денари

Инаку во Велес денеска беше промовирана нова социјалназграда каде треба да се вдомат 29 семејства. Аплицирањето трае до 21 октомври, а Николоски е дециден дека процесот на доделување на социјални станови ќе биде максимално транспарентен, вели тој лично ќе го набљудувал за да нема злоупотреба.