Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Основицата на платата на наставниците ќе достигне околу 50 илјади денари- Алфа пресметка за динамиката на растот која ја договорија Владата и синдикатот

Минимум 46 проценти повисока  или околу 50 илјади денари треба да достигне…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Минимум 46 проценти повисока  или околу 50 илјади денари треба да достигне основната плата на наставниците во основно образование, согласно методологијата која ја договорија Владата и СОНК  за четири години. Основната плата на еден наставник без никакви додатоци сега изнесува 33 500 денари во основно , а 34 600 денари во средно образование.

Методологијата за која се договорија Владата и СОНК треба  овозможи пораст за околу 17 илјади денари на наставник во основно образование до март 2028 година. Растот ќе се случува секој март за период од цел мандат.

ГОДИНА               Процент на раст                            

Реклама

             2025                       7 %                                                  

             2026                        7,5 % – 10 %

             2027                       7,5% – 10 %

             2028                       10 – 12 , 5 %  

Според пресметката на Алфа веќе во март идната година основната плата на наставник во основно образование ќе порасне за околу 4 000 денари , односно ќе изнесува околу 37 илјади денари (37 637 ).  Ако се земе најниската граница на процент за кој може да има покачување според она што го кажа Владата, основната плата на наставник во основно образование во 2028  ќе изнесува 47 842 денари . Доколку пак Владата успее да ги покачи платите во највисокиот процент во март 2028 година почетник наставник ќе зема 51 232 денари.

Основна плата на наставник во основно образование

Март   2025           37 637            /         37 637  

Март 2026             40 459            /          41 400

Март 2027             43 493          /            45 540

Март 2028             47 842          /             51 232

Динамиката на зголемување на платите ќе зависи од тоа колку пари ќе се приберат во Буџетот па процентот 46 како што кажа премиерот Мицкоски е мимумот што го очекуваат. Парите како што кажа премиерот се обезбедени со домаќинско работење и зголемена наплата на давачките во Буџетот.

Синдикатите го поздравија овој чекор , велат е напредок во социјалниот дијалот . Очекуваат до февруари да се потпише колективниот договор