Реклама
Економија

Дурмиши: Доколку не ги донесевме мерките, цените на храната ќе пораснеа

Есенската кошница придонела цените  да паднат  во просек од 5-10 отсто, или едно семејство заштедило…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Есенската кошница придонела цените  да паднат  во просек од 5-10 отсто, или едно семејство заштедило до 20-тина евра.  Доколку не била мерката, ифлацијата ќе била повисока од 2,6 отсто колку што последно измери статистика, смета министерот за економија Бесар Дурмиши.

И минатиот месец најголемо поскапување имало кај храната, а ред во трговијата се очекува да се стави   со законот за нефер трговски практики  кој треба да придонесе и за дополнително намалување. Законот е  во сила и првите ефекти се очекуваат кога трговците ќе ги потрошат старите залихи. Контролата како се спроведува  ќе биде во рацете на Антимонополската комисија која во моментов се реорганизира

направивме акциски план со кој ја донесовме есенска потрошувачка кошничка за да им излеземе во пресрет на граѓаните. Да не ги донесевме одлуките, цените на основните прехранбени производи ќе имаа уште поголем раст и инфлацијата ќе беше поголема од 2,6 отсто/Кога ќе се усогласат цените со добавувачите, ќе има и дополнително намалување на цените. Тоа ќе се случи на крајот на овој или на почетокот на идниот месец. Во овие три месеци тече преодниот рок за усогласување на цените во кои Комисијата, вели Дурмиши.

Реклама

Главното барање до министерството за економија и труд од синдикатите е покачување на платата. Во четврток ќе се одржи првата седница на економско социјалниот совет, на која економските министри  ќе седнат на иста маса со синдикатите и работодавачите. Се очекува дека ќе се разговара за покачување на минималецот, кое за да има услови да се случи пред март идната година ќе треба да се менува методологијата која ја донесе минатата влада.

Според законот во март идната година е предвидено да се покачи минималната плата. Таа методологија е усогласена со синдикатите и работодавачите од претходната Влада. Ако не се задоволни од тоа што сами го договориле и потпишале може на првата седница на ЕСС во четврток да кажат дека треба да се менува методологијата и да ги согледаме можностите кои ги имаме, рече Дурмиши. 

Инаку, во првите сто дена  во фокусот на министерството за економија беа намалување на трошоци за учениците, поевтинување на дел од цените во маркетите, поддршка за туризмот, поддршка за малите бизниси.

Биле доделени над 1700 ваучери за летување во домашните капацитети на работниците со ниски приходи во вредност од 32 милиони денари . Обезбедена е финансиска поддршка за локалните компании во износ од над 120 милиони денари, дополнително Од Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2024 година обезбедени се 80.000.000 денари за поддршка на бизнисот.

https://www.youtube.com/watch?v=OaJ_rhSJ5Qs