120 –те станари од зградата во Чаир може да останат бездомнници. Надележните допрва ќе испитуваат дали зградата на улицата Серава каде изби големиот пожар, а кој се гаснеше ден и половина, е безбедна за живеење. Додека не се утврди дали пламените јазици нарушиле статиката на темелите, на станарите нема да им биде дозволен влез и ќе мора да се знаоѓаат за да не останат под ведро небо.
Собрани во групи околу зградата, која е под силно полициско обезбедување и опкружена со пожарникари, луѓето нервозно чекаа некој да дојде и да им соопшти кога и дали воопшто ќе можат да се вратат во своите домови. Ниту еден од нив не сакаше да зборува во камера, а зад неа луто и бесно ги повикуваат локалните власти или било кој од надлежните да дојдат на лице место за да им одговори каде ќе престојуваат додека се расчисти метежот. Од информациите собрани од терен, пожарот конечно е целосно изгаснат изутринава, по цели 13-14 часа горење, но пожарникарските екипи се уште се присутни поради високата температура во магацинот.
Преку целиот ден пожарникарите со водоводни пумпи ја црпат водата од магацицинот што била користена за гаснење на пожарот, која достигнала висина повисока од еден метар. Се уште е неизвесно кога ќе може да се расчистува магацинот, за да можат истражители од МВР и Обвинителство да направат увид за да се констатираат причините за пожарот.

Зградата е под полициска опсада. МВР информираше дека се случила кражба и две лица се уапсени.
Пламените јазици стигнале до четвриот спрат, а според информациите од терен кои не се потврдени, пеплосана е роба во износ од 6 милиони евра. Импровизираниот магацин е над 1000 метри квадратни, а на пожарникарите им било отежнато ганењето бидејќи просторот е како лавиринт што се наполнил со густ чад и се развила многу висока температура од пластиката која горела, раскажуваат очевидци на терен.
Пред зградата има бандера со жици каде најверојатно доаѓа електрично напојување кое најверојатно не е поставено според стандарди, а со сигурност ниту магацинскиот простор не е изграден согласно законски процедури.
Според очевидците магацинскиот простор се протега под целата зграда и најверојатно собира роба колку еден бродски контејнер.
Четириесет и тројца станари во зградата беа хоспитализирани по пожарот. На Клиниката за токсикологија биле примени 31 пациент, од кои пет се задржани на болничко лекување, а на Клиниката за детски болести биле примени 12 деца, од кои две се задржани на лекување.
Според последните информации сите пациенти се во стабилна состојба.
