Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

МНР не се откажува: Откако Радуков одби да биде „курир“, па државата директно од Софија ќе бара извинување

Откако Жељаско Радуков одби да биде курир, македонското МНР не се откажува.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако Жељаско Радуков одби да биде курир, македонското МНР не се откажува. Протестната и барањето извиниување по официјален пат ќе стигне до Бугарија. Македонија директно ќе се пожали во Софија, за пропустот во кабинетот на бугарскиот претседател, каде го немаше македонското знаме при фотографирањето на претседателката Гордана Силјановска Давкова и нејзиниот бугарски колега Румен Радев.

Од кабинетот на Силјановска Давкова веќе реагираа дека воопшто не било ниту планирано да се фотографираат во кабинетот на Радев, но тоа било сторено откако тоа го побарал првиот човек на Бугарија. Претседателката вели дека ќе направела уште поголем скандал доколку решела да си замине.

-Во тој момент мислата дека беше дека можам да си заминам и тогаш ќе направам скандал, а другата беше дека домаќиннот ги утврдил правилата и дека домаќинот, а не јас греши. И дека што е подобро си велам, дали оти јас ако прозборев или си заминев посетата немаше да постои, не само тоа туку сега ќе имаше нова сенка покрај трагедијата, сенка на Набуко, изјави Силјановска Давкова.

Реклама

Познавачите велат Македонија покажала добра волја со самото тоа што иницирала ваква средба, а Бугарија возвратила со провокација. Според поранешниот амбасадор Ристо Никовски, ова не е порака само до Софија, туку и до меѓународниот фактор.

-Самата иницијатива наша е позитивна, значи еве ние сме тука сакаме да соработуваме, сакаме дијалог итн. И тоа беше порака не само за Софија, туку и за Брисел и за Вашингтон. Меѓутоа од друга страна точно тој момент не им одговараше на Бугарите. Значи ние дефакто преземаме одредена иницијатива, а тие се во една агресија против Македонија и затоа е таквата нивна реакција, изјави Никовски.

Според Никовски, Радев уште еднаш ги покажал неискрените политики во спорот со Македонија, со тоа што ги зголемил неговите апетити во овој меѓудржавен спор.

-За прв пат ми се чини Радев ги спомена не само договорот за непријателство, туку и протоколите, а тие се клучни во целата ситуација. Оваа посета која имаше добра намера на крај од краиштата донесе сепак негативни резултати во целина, изјави Никовски.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски очекува Бугарија да се извини за оваа протокаларна грешка, така што би покажала дека целта на ваквиот потег не е некаква навреда или понижување кон Македонија.

Матеја Петровски

https://youtu.be/7utJKAr6glU