Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Економија

Mицкоски: Ќе има и есенска и пролетна кошничка со замрзнати цени

Ќе има и есенска и пролетна кошничка со замрзнати цени, владата ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе има и есенска и пролетна кошничка со замрзнати цени, владата ќе му излезе во пресрет на стопанството за законот за нефер трговски практики. Премиерот Мицкоски потврди дека се подготвува есенска кошничка со производи кои граѓаните највеќе ги употребуваатм а чии цени ќе бидат замрзнати, но како што најави, ќе има и пролетна кошничка.

Во однос на законот за нефер трговски практики, пак, напомена дека владата ќе му излезе во пресрет на стопанството доколку тоа побара одреден период за прилагодување. Според него, полека, но сигурно цените се стабилизираа, а добар резултат била и стапката на инфлација која во август изнесуваше 2,2 отсто.

„Ќе имаме предновогодишна кошничка, есенска кошничка во која ќе има своевиден избор на производи што се најупотребувани во тој период од годината, ќе имаме пролетна, и така натаму во зависност од тоа какви се потребите на граѓаните, во зависност од тоа што најмногу се троши ќе го следиме процесот и нема да дозволиме да ни се случи повторно висока стапка на инфлација со што ќе се влијае негативно на стандардот на граѓаните, изјави Мицкоски.