Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Економија

Мицкоски: Со менаџментот на „Лидл“ маркети разговарав за условите за инвестирање

50 отсто македонски производи да се продаваат во ланецот на маркети „Лидл“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

50 отсто македонски производи да се продаваат во ланецот на маркети „Лидл“ побарал премиерот на средбата со раководството на компанијата. Колкав е процентот кој бил презентиран Мицкоски не откри, но посочи дека е многу пониско од она што го бара Владата сега. На средбта од менаџментот посочиле дека имале бројни потешкотии и административни бариери со кои се соочиле во време на претходната Влада, а сегашната ветува дека на брза трака ќе го откочи процесот и маркетите за брзо време веќе ќе работат во Македонија.  Мицкоски е дециден – заврши времето на договарање со посредници и провизии:

Компанијата е присутна е повеќе години повеќе од 100-тина милиони евра веќе се влезсени и наша цел е од процентот кој ни беше претставен дека ќе бидат застапени македонски производи во компанијтата тој процент да дојде до 50 проценти но е далеку од тоа што очекуваме. Очекувам да работат во насока на нормите за цена што е прифатлива за македонските граѓани. Ние ќе испорачаме се без посредници, без „провизии“,па „јас го знам овој, оној“, такви работи нема да има, порача Мицкоски.

Мицкоски покрај барањето за поголема застапеност на домашни производи очекува и пониски и подостапни цени за граѓаните. Очекувањата од македонската Влада се дека „ Лидл“ до крајот на 2024 година ќе го зголеми извозот кој сега е во нагорен тренд,. Односно од Македонија да се извезат овошје и зеленчук во вредност од околу пет милиони евра оти очекувањата се дека извозот ќе се зголемува во Европа.

Реклама

„Извозот кој што е сега добар, да речеме има нагорен тренд се дуплира, очекуваат од неколку стотини илјади евра во 2022 година, на два и пол милиона 2023 година, сега е 2024/2025 пет или шест милиони да биде извоз на производи од македонски компании во „ЛИДЛ“ маркетите насекаде во Европа да биде зголемен, да биде 10, 50 зошто да не и 100 и ценам дека доколку се сака се може“, кажа премиерот.

Инаку, Лидл е најголемиот европски синџир за малопродажба на храна , присутен е во 31 земја, каде работи со околу 12 илјади продавници и вработува повеќе од 360 илјади луѓе. ЛИДЛ од септември 2021 година е присутен и во земјава, а во јануари годинава ги „удри“ темелите за изградба на логистички центар во Куманово.