Реклама

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Македонија

Реагенсите од исклучените фрижидери на ИЈЗ се функционални, се трага по виновниците

Спасени се сите реагенси за тестирање на заразни болести во ИЈЗ кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спасени се сите реагенси за тестирање на заразни болести во ИЈЗ кои беа во исклучените фрижидери. Од оваа здравствена установа информираат дека по добиените резултати од испитувањата, реагенсите меѓу кои и за голема кашлица но и останатите кои биле во коморите за среќа сите се функционални.И ќе можат да се користат за детекција на поголем број заборувања.

“Прочитани се добиените резултати и согласно истите се установи дека молекуларните тестови за детекција на голема кашлица, како и подлогите за култивација на бактерии, антибиотиците за изготвување на антибиограми и сите реагенси кои се наоѓаа во исклучените фрижидери, се функционални и може да се продолжи со нормално функционирање на одделението за бактериологија”, соопштија од ИЈЗ.

Засега останува мистерија кој ги исклучил осигурувачите од фрижидерите, истрагата треба да покаже кој е виновникот.

Реклама

Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска по скандалот кој на време беше откриен се сомнева во саботажа од страна на некој од вработените. Каде што некој намерно или случајно ги исклучил фрижидерите каде ги чуваат материјалите за испитувања на заразни болести. Од стотина осигурувачи во разводната табла, биле симнати само оние поврзани со фрижидерот. За среќа, според надлежните, брзата реакција спречила да дојде до голема штета.

Обвинителството офирми предмет по допрен глас за да испитаат дали во конкретниот случај има елементи на кривично дело.

Со овој случај постоеше опасност ИЈЗ да остане без ниту еден реагенс за голема кашлица во време на епидемија од истата болест.

Пред само неколку денови, директорката Андоновска алармираше дека претходното раководство на Институтот не набавило доволен број реагенси за голема кашлица и побара за тоа да има одговорност.

Ања Лукарова