Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Мицкоски останува цврст на ставот: МАНУ е единствена научна институција во Македонија, нема да има нова паралелна

МАНУ е и ќе биде единствена научна институција која што ги собира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

МАНУ е и ќе биде единствена научна институција која што ги собира најголемите научници од сите различни етнички заедници во државата. Нова, парарелна Академија на науките и уметностите нема да има, порача премиерот Христијан Мицкоски, повторувајќи го цврстиот став дека нема да се реализира идејата за „Албанска академија на науките и уметностите“.

Вели јасен е ставот на Владата, дека нова научна институција нема да има, а ако некој сака од ова да прави тема во јавноста- Мицкоски вели, не можел да го спречи.

-Единствена институција која што ја собира научната мисла и научниците од различни етнички и научниците од различни етнички заедници во Македонија е МАНУ и тука завршува и почнува се. Се останато е фолклор и можеби некаков политички маневар. Јас мислам дека треба да продолжиме со институции каде што се генерира знаење, каде што науката е пред се, не постојат етнички научни институции, нема еден таков пример во светот, изјави Мицкоски.

Реклама

Од коалицијата „Вреди“ остануваат на ставот дека е потребна нова научна академија, бидејќи според нив МАНУ била затворена за албанските научници. Сепак доколку се погледне листата на академици, јасно се гледа дека таа не е затворена за ниту една етничка заедница. Во моментов во МАНУ има четири членови од албанската етничка заедница, Абдулменаф Беџети, Изет Зеќири, Алајдин Абази и Али Алиу.

-57 години како што кажавме мислиме дека е многу доволно време, за да се докаже МАНУ дека е отворена институција за Албанците. Ако 57 години биле доволно за само тројца или четворица да бидат вработени во академијата, а сметам дека низ годините сме имале голем број на интелектуалци, академици, тогаш не верувам дека ова е инклузивна и интегрирана институција, изјави портпаролот на „Вреди“ Фари Хисени.

Против оваа идеја на „Вреди“ се крена целата научна фела. Актуелни академици и експерти коментираат дека е неприфатлив предлогот паралелно на МАНУ да се формира друга таква институција. Според нив, и во актуелниот состав има Албанци, но изборот во инситутцијата се темели на високи и строги критериуми, а не на припадноста на на етничка заедница.

Матеја Петровски