Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Кинески притисоци за присутните на самитот на ИПАК-Антонио Милошоски во Тајван на значајни средби

И покрај притисоците на Кина преку амбасадата во Скопје, потпретседателот на македонското…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај притисоците на Кина преку амбасадата во Скопје, потпретседателот на македонското собрание Антонио Милошоски да не оди во Тајван на Самитот на ИПАК, сепак тој се појави таму. Милошоски учествува на работната сесија на четвртиот самит на ИПАК која официјално почна денеска, а на која се присутни  48 меѓупаерртиски пратеници од 24 земји. ИПАК е најголема неформална група на пратеници која е фокусирана како одговор на кинеското ширење на интереси во светот. Преку својот фејсбук профил Милошоски информираше дека имал средба со Борис Мијатовиќ, член на германскиот Бундестаг и извршител за земјите од Западниот Балкан во пратеничката група на Зелените.

„Самитот на ИПАК го искористив за средба со Борис Мијатовиќ, член на германскиот Бундестаг. Имавме корисен разговор за билатералните односи и за евроинтеграциите на регионот“, стои на Фејсбук профилот на потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски.

Новинската агенција Асошиејтед Прес објави дека имала увид во пораките од вработен во кинеската амбасада во Скопје до Антонио Милошоски. Според агенцијата притисок се вршел и врз пратеникот од СДСМ Фатмир Битиќи. Двајцата парламентарци пред да заминат немаа одговор за написите на Агенцијата. Како што пренесуваат регионалните медиуми, Амбасадата преку пораки го прашувала Милошоски дали ќе замине за Тајван.

Реклама

„Јас сум Ву, од кинеската амбасада. Слушнавме дека добивте покана од ИПАК, дали ќе присуствувате на конференцијата што ќе се одржи следната недела во Тајван“?

Вакви пораки од кинеските амбасади во матичните земји добиле и парламентарци од Босна и Херцеговина, Боливија, Колумбија, Словачка. Тие за новинаската агенција изјавиле дека примиле, пораки, повици, но и итни барања за состаноци, со цел да ги одвратат од патувањето  во Тајван.

Имено, ИПАК е најголемата неформална група на пратеници фокусирана на одговор на ширењето на сферите на интерес на Кина низ светот. Основана е во јуни 2020 година во која по личен избор членуваат околу 230 пратеници од 30 држави, на неформална, волонтерска основа.

Од 2020 до 2024 членови од Македонија во оваа меѓународна неформална организација на парламентарци беа пратениците Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Арта Билали Зендели од ДУИ.

Бидејќи Билали Зендели не е повеќе пратеничка, членови во ИПАК се Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Фатмир Битиќи од СДСМ.

Оваа година по четврти пат се организира Самит во главниот град на Тајван, Тајпеј. Трошоците за одржување на Самитот секогаш паѓаат на трошок на земјата домаќин, а оваа година тоа е Тајван. Кина не е го признава Тајван како посебна независна држава туку како дел од Кина.v