Реклама
Економија

Се намалува цената на парното, пониски сметки од август

Парното поевтинува. Околу 60 илјади домаќинства ќе добиваат помала сметка за греење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Парното поевтинува. Околу 60 илјади домаќинства ќе добиваат помала сметка за греење веќе од први август. Намалувањето е за 3.16 проценти за домаќинствата, или во просек за околу 100-тина денари, а може да биде и поголемо доколу продолжат владините субвенции. Греењето за околу 1200 фирми, училишта и институции кои се приклучени на централниот градски систем ќе биде поветино за 17 отсто.

Во новата сметка, за сега не се вкалкулирани државните субвценции и според првиот човек на Регулаторна оваа одлука е оправдана бидејќи се стабилизирани цените на природниот гас.

За субвенции изминатите години биле потрошени 12 милиони евра од државната каса. Доколку Владата одлучи да продолжи со нив, што не би се очекувало ако се има в предвид дека пазарот на гас е стабилизиран, намалувањето на цената за домаќинства би имало околу 17 отсто.

Реклама

Нерешен проблем и по повеќе од една година  се оштетените цевки од топловодната мрежа на ЕСМ во пожарот кој лани во мај месец го зафати мостот Беласица и се уште нема конкрена информација зошто нема нов топловод.

Бислимоски алармираше новата цевка да биде поставена пред грејната сезона,  инаку во спротивно граѓаните ќе треба да се молат за топла зима. Ако не се заврши, парно ќе има, но радијаторите ќе греат до 21 степен.

Сепак, компаниите во состав на државните електрани кои побарале и до 50 отсто зголемување на цената, се незадоволни од одлуката за признаените трошоци од Регулаторната комисија за енергетика, и дел од нив најавија тужби.