Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Невремето им го уништи скромниот дом на семејството Димовски од Шуто Оризари, бараат помош од општината и хуманите луѓе

Вода до колена, уништен под, влага и мувла, купишта алишта и мебел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вода до колена, уништен под, влага и мувла, купишта алишта и мебел – страшна е глетката во домот на семејството Димовски од скопската населба Шуто Оризари. Поројните дождови по трет пат им ја поплавиле скромната куќа која ја граделе макотрпно со децении. 64 годишната баба Марица низ солзи раскажа какви “животни бури” ги снашле. Исплашена вели дека секоја капка дожд е страв и трепет за неа. Таа се надева на помош од државата и од хуманите луѓе за скромно да ја проживеат староста со нејзиниот сопруг ќерка и петгодишното внуче.

Семејството Димовски неколкупати се обратиле до општината, но освен кренати раменици и префрлање на одговорноста не добиле дополнителна информација дали може некој да им помогне да си го средат домот.

Четиричленото семејство Димовски живее со 13.000 денари месечно.Велат дека со овие пари освен за комуналии, едвај можат да се прехранат со леб, а камоли нешто повеќе. Добредојдена им е секаква помош.

Реклама

Секој што сака да им помогне на фамилијата Димовски може да донира на следната сметка: 300007040194464 – Комерцијална Банка.

Тие се надеваат дека како постојат хумани луѓе кои се подготвени да подадат рака па дури и своето срце и дел од нивниот скромен домашен буџет за да помогнат онаму каде што е потребно.