Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Економија

РЕК Битола продолжува да работи по принципот „падни –стани“

На РЕК Битола никако да му тргне. И на овие тропски температури,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На РЕК Битола никако да му тргне. И на овие тропски температури, најголемиот македонски производител на струја, исто како и среде грејната сезоана, за жал, продолжува да работи по веќе вообичаениот принцип „падни-стани“. Постројката никако да почне да работи со целиот свој капацитет. Откако вчера во попладневните часови заради испад на 110-киловолтната собирница на МЕПСО, во Комбинатот „падна“ и единствениот блок кој беше во функција, односно Блокот 1, по што тој целосно колабираше, во текот на ноќта и утрово Блокот 1 бил вратен во функција. Но, само за кратко. Во моментов РЕК Битола повторно не произведува струја, бидејќи Блокот 1 пак е исклучен од мрежата. Но, оттаму, пак со ветувања дека во текот на денов Блокот 3 ќе бидел ставен во функција откако ќе завршеле пуштачките операции кои биле во тек.

   „Неочекуваниот испад на Блокот заради прекин во напојувањето, предизвика проблем во котелот на Блок 1 заради што Постројката во текот на денот ќе биде исклучена од мрежа. Се очекува санацијата на проблемот да заврши до понеделник, по што Блок 1 повторно ќе биде ставен во функција и РЕК Битола да продолжи да работи со два блока. Во тек се и пуштачките операции на Блок 3 кои вчера беа прекинати  заради испадот на 110-киловолтната собирница на МЕПСО. Постројката ќе биде ставена во мрежа во текот на денов. Ремонтот на Блок 2 пак, се одвива непречено и согласно предвидената динамика“, – информираат од РЕК Битола.

   Инаку, ова е трет пат годинава РЕК Битола да биде целосно надвор од функција и да не произведува струја. Последниот колапс беше пред само 4 месеци, односно во средината на март кога „испаднаа“ сите три блока и беа потребни цели два дена за да се оспособи барем едниот од нив. Иста ситуација имаше и во јануари, па уште тогаш експертите укажаа дека честите хаварии во најголемиот домашен производител на струја се резултат на несоодветното одржување на постоечките капацитети, на отсуството на сериозни годишни ремноти со длабоки зафати, на немодернизацијата, но и на квалитетот на увезениот јаглен кој се користи.

Реклама

Каролина Дурло