Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Економија

ДЗР: Масовниот одлив на мозоци од земјава станува алармантно, заради тоа Македонија губи дури 8.3 проценти од БДП

Остануваме без мозоци, а уште пострашно и без пари. Ониe што се…

Сподели:

Остануваме без мозоци, а уште пострашно и без пари. Ониe што се образувале тука и во кои инвестирала државата, драматично си ја бараат среќата надвор. Во изминатите 8 години над 7000 илјади високобразовани кадри заминале од Македонија, што државата ја чини загуба од над 700 милиони евра.

Извештајот на државната ревизија покажа алармантни бројки, дури 40 отсто од кадрите, според извештајот на Светска банка си купиле карта во еден правец. Државава губи таленти , а немаме ефективни мерки како да ги задржиме.  Податоците на Меѓународната организација за миграција за 2020 година, покажуваат дека Македонија се наоѓа во групата топ 20 земји во светот со најголема емиграција во странство, а сме петта држава во Европа според индексот на одлив на мозоци.  

„Спроведените ревизорски активности и обезбедените ревизорски докази овозможија да стекнеме разумно уверување дека активностите на Владата како носител на политиките за управување со миграцијата не се доволно ефективни за намалување на одливот на високообразовниот кадар од државата“, велат од ДЗР.

Реклама

Ова сериозно влијае на економската активност.  Вкупната загуба од тоа што не работат и не создаваат тука се проценува на 8,34 отсто од БДП. Во меѓувреме МОН финансирале 156 стипендисти на студии во странство, а вкупно за оваа намена биле потрошени околу 11 милиони евра.

Вкупниот ефект на опортунитетниот трошок, вклучувајќи го изгубениот БДП кој не е генериран заради емиграцијата, се проценува на 5,15 проценти од БДП на годишно ниво. Доколку се додаде реално изгубената инвестиција во образование за овие кадри, што во просек изнесува 3,19 проценти од БДП годишно, вкупниот негативен економски ефект рефлектира вкупна загуба од 8,34 проценти од БДП на годишно ниво.

Извештајот од Ревизија покажува дека сме имале акциски план за 2013-2014 година, но слабо се имплементирале мерките и активностите од истиот поради ниска координација на институциите. Владата усвоила Националната стратегија за вмрежување, соработка и сперечување на одливот на високообразовни и стручни кадри 2013-2020 но ја нема никаде, не била објавена ниту во Службен весник,  ниту на веб страната на МОН.