Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Економија

Премиерот Мицкоски на почетокот на градба на новото ОУ „Свети Климент Охридски” Во Драчево

По еден век, Драчево ќе добие ново училиште. Трет ден од мандатот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По еден век, Драчево ќе добие ново училиште. Трет ден од мандатот , Христијан Мицкоски постави камен – темелник за изградба на училиште во селото. Основното училиште „Свети Климент Охридски“  ќе биде изградено  на местото на стариот објект изграден пред 100 години .

Инвестицијата  која е од суштинско значење за општина Кисела Вода е вредна над 1,5 милиони евра, а средствата се  обезбедени од централниот Буџет.  

Реклама

„Секогаш е задоволство да се биде дел од нешто убаво, нешто што започнува да се гради. Трет ден уште едно ветување исполнето пред граѓаните, граѓаните во Кисела Вода, во Драчево ќе добијат објект после 100 години училиште. Стариот објект е стар точно 100 години. Јас би сакал да посакам многу деца да го користат овој нов објект, бидејќи децата се нашата иднина и сè што правиме во нашите животи правиме за дечињата, да бидеме горди на тие што ќе нè наследат, рече Мицкоски.

Новиот објект ќе биде финализиран за околу 2 години, со просторна функционалност од околу 3600 метри .На приземјето и двата ката, ќе бидат распоредени 19 училници и 7 кабинети со модерен хол, трпезарија со кујна, канцеларии, подрумски и сите други неопходни простори.  Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека соработката која конечно ја имаат со централната власт ќе придонесе за многу нови проекти.

 Времето си го направи своето и постоечката училишна зграда, веќе не може да ги задоволи потребите на современото образование, рече Ѓорѓиевски.

Инвестициите во образованието и во општините ќе продолжат во иднина. Премиерот најави дека дополнително со ребалансот ќе се предвидат шест милијарди денари за општините за нови проекти,  што е повеќе од планираното на старт , односно од 15-те милијарди кои се предвидуваат од Буџетот за реалокација за општините нема да се пет туку шест милијарди денари.