Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Османи во одбрана на Грција: Не ги исполнувале своите обврски,бидејќи ние не сме ги смениле имињата на МРТ и МАНУ

Македонскиот министер за надворешни работи во одбрана на Грција. Не ги исполнувале…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот министер за надворешни работи во одбрана на Грција. Не ги исполнувале своите обврски од Преспанскиот договор, бидејќи Македонија се уште не го променила името на МАНУ и Македонската радио телевизија. Бујар Османи вели не било фер да се тврди дека Грција не ги исполнувала своите обврски од договорот во Нивици, а тие делови кои не ги исполниле биле од причина што Македонија се уште не исполнила се што треба.

-Не е коректна констатацијата дека Грција не исполнила ништо, столбот на грчките обврски од Преспанскиот договор е поддршка на НАТО интеграцијата и европската интеграција. Протоколите се прашања кои што се останати во Парламентот, како што е останат нашиот закон за МАНУ, нашиот закон за МРТ и други некои прашања во имплементација на името. Значи ние имаме, МРТ, МАНУ, закони во Собрание кои што не се имплентирани, Грција ги има меморандумите и две три сообраќајни таблички од кои што, изјави Османи.

Османи телефонски разговарал со шефот на грчката дипломатија, а очи во очи со неговата заменичка. Запрашан дали побарал рок кога Грција би ги исполнила своите обврски, кажа дека не го направил тоа, сме требале ние да гледаме нашите обврски да си ги завршиме. На неделно ниво добивал информации, што соседите исполниле од договорот.

Реклама

-Ние на неделна основа имаме статус на имплементација на обрврските, имаме ексел табела во која што точно секоја недела не известуваат до каде е Грција до каде сме ние, бидејќи јас сум ставил приоритет на некои приоритетни надворешни политики, изјави Османи. 

Инаку, Македонија од Преспанскиот договор исполни речиси се, го променивме името, сменивме лични документи, добивме налепничка НМК на сообраќајните таблички на автомобилите, сменивме имиња на институции, менувавме имиња на споменици, брусевме шахти и што уште не. За разлика од тоа, Грција само ни даде поддршка за членство НАТО, се уште ги нема изгласано договорените меморандуми во Собранието, а проблем им е и да сменат коловозни табли.

Матеја Петровски