Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Економија

ЕСМ за Алфа: Договорот со „Марковски компани“ се склучи заради непречено производство на струја

Морало да се склучи милионскиот договор со „ Марковски компани “ за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Морало да се склучи милионскиот договор со „ Марковски компани “ за РЕК Битола непречено да произведува струја, тврдат од ЕСМ. Стручни лица утврдиле дека било непохнодно да се склучи зделката за изнајмување на механизацијата од која компанијата на белорускиот почесен конзул Борче Марковски  ќе ќари 4.8 милиони евра. Од ЕСМ во одговор за Алфа велат дека набавката била според планот за работа на комбинатот и планот за производство на ЕСМ

Освен за ископ и утовар на јагленот што се јавува на работните етажи, механизацијата што е предмет на јавната набавка ќе се користи и за изработка на канали за одводнување на рудниците, изработка на водособирници, чистење на погонските станици од материјал, изработка на патишта и достава на материјали до багерските станици, информираат од ЕСМ.

„Марковски компани“  е фирма која е основана во 2002 година со паричен влог од 2.500 евра, но во годините наназад стана омилената на власта СДСМ – ДУИ, за делење тендери. Според последниот договор, ќе заработуваат по 7.800 денари на час за изнајмување на хидрауличен багер на гасеници и 1.790 денари на час за багер. На прашањето како е одбрана токму „ Марковски компани“ и дали имало пријавено и други компании, од ЕСМ велат дека имало уште една фирма но таа не ги исполувала услобите и немала дигитален потпис.

Реклама

На јавниот повик за набавка на услуга од ангажирање на помошна и градежна механизација за потребите на РЕК Битола се јавија две фирми – понудувачи. Понудата на едниот економски оператор беше неприфатлива од причини што не беше доставена согласно условите од тендерската документација, односно не ги исполнуваше условите за техничка и професионална способност и немаше дигитален потпис на доставената документација, велат од ЕСМ.

За делењето тендери и испумпување пари од државната каса преку ЕСМ имаше низа реакции и во минатото. Неколку месеци пред изборите ЕСМ  со народни пари набавувуваше 52 возила вредни 2,3 милиони евра, а се додели и еден од најголемите тендери за РЕК Битола повторно на Марковски компани  во вредност од фантастични 46 милиони евра .

И додека ЕСМ очигледно служи за влечење пари од државниот буџет,наместо за инвестиции електро – енергетскиот систем во Македонија постојано крахира. Недомаќинското работење потрошило 3.2 отсто од БДП за субвенционирање на електрична енергија, покажаа последните анализи.