Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Прилози

Главниот град пред сообраќаен армагедон – ништо од кружните текови кај комплексот Лимак

Главниот град пред сообраќаен армагедон. Центарот на Скопје допрва ќе се загрчи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Главниот град пред сообраќаен армагедон. Центарот на Скопје допрва ќе се загрчи поради одолговлекувањето на градските власти да ги изведат приклучоците за подземната улица под комплексот Лимак, односно Дајмонд мол.

Новиот трговски, хотелот, катната гаража, како и 3 од вкупно 4те висококатници се веќе изградени, готова е и подземната улица која е дел од комплексот, но од кружните текови кои треба да ја поврзат со околните сообраќајници ни трага ни глас.

Новите 20-катници, веќе подолго време ги рекламираат и продаваат своите станови, кои вкупно треба да се 772 на број, со кои пак Општина Центар ќе добие околу 3.000 нови жители и најмалку 1.000 дополнителни автомобили. Без да се пресмета и канцеларискиот простор во рамки на комплексот, за кој не се знае колку компании и вработени може да се очекуваат.

Реклама

За подземната улица да профункционира, на нејзината западна страната планирано е да се изведе приклучок со кружен тек на крстосницата кај објектот „Нова Македонија“. Инфраструктурен проект кој се уште не е започнат.

Додека пак на јужната страна од подземната улица, кружен тек е предвиден на крстосницата помеѓу булеварот „Јордан Мијалков“ и улицата „Павел Шатев“, позната како „Бихаќка“, како и кај подвозникот кој ги дели булеварите „Св. Кирил и Методиј“ и „Кочо Рацин“, каде нема знаци дека се одбиваат градежни работи.

За тоа, кога се очекува изведбата на кружните текови и приклучоците, прашавме во Град Скопје, но, оттаму не одговорија.

Од турската компанија Лимак пак, неодмана порачаа дека тунелот за подземната улица е целосно пробиен и оти годинава, треба да биде завршен.

  • „Во моментов, бетонските работи на подземниот тунел се комплетно завршени, односно вкупната должина од 746 метри е целосно ископана, со поставени потпорни ѕидови и фундамент. – Одговорија од „Лимак“ за дел од медиумите.

Договорот за изведба на подземна улица беше потпишан уште во 2012, од страна на тогашниот градоначалник Коце Трајановски. Во 2018та, неговиот наследник Шилегов, оддржа пресс конференција заедно со поранешниот премиер Зоран Зоран Заев за почеток на градежните работи, но и по 6 години, Скопје не доби подземен коловоз.

Никола Цветкоски