Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Големи загуби на вода во Штип – потребна е рекострукција на системот

Дивите приклучоци и старата дотраена мрежа, се причина за секој месец штипското…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дивите приклучоци и старата дотраена мрежа, се причина за секој месец штипското комунално претпријатие Исар, да бележи дури 60% загуба на вода. За да избегнат реална наплата, некој корисници ги демонтираат своите водомери, па тогаш надлежните се приморани сметките да ги пишуват паушално.  Поради ова, посебно во летниот период  добар дел од водата наместо за пиење, завршува за наводнување на бавчите

   „Бидејќи нешто што не е точно евидентирано, граѓаните немат обврска да се грижат за истото, па затоа имаме вакви ситуации да во летниот период во одредени населби има големо течение на вода. Луѓето не ја користат рационално. Имаме случаеви каде одредени домаќинства водата за пиење ја користат за наводнуваање на земјоделски површини, а тоа е вода која е третирана хемиски„ изјави Кирил Зајков, директор на ЈП„Исар„-Штип.

И додека едни се расфрлаат, други трпат за вода. Со овој проблем се соочуват жителите на штипската населба Пребег, кои во летниот период почесто немаат, отколку што имаат вода. За да се надмине ситуацијата  предвидено е изградба на нов резервоар.

Реклама

   „Во текот на оваа година ќе започне градењето на резервоарот во населбата Пребег, населба која со децении има проблем со водоснабдувањето. Ова се случува бидејќи населбата Пребег е на иста висинка кота како и филтер станицата , па затоа во летните периоди при енормното користење на вода од страна на другите домаќинства е причина за одредени точки во оваа населба во летниот период немат доволно количина на вода„ изјави Зајков.

Целосното надминување на проблемот со водоснабдувањето во високите зони ќе се реши со изградбата на Водоводна линија два. Дел од средствата, 1,2милиони евра се од програмата ТАВ кои Штип ги доби како компензација за неизградбата на карго аеродромот, а остатокот од парите општината ќе ги обезбеди од сопствени средства. Инаку  водоводната мрежа во Штип е стара повеќе од 60 години, па поради тоа честите  дефекти се причина градот, посебно во летниот пеериод и по неколку денови да биде без вода.

Александра Ристевска