Реклама
Македонија

Анализа: Недозволиво е по 23 години ДУИ да нема што да понуди освен сеќавањата на УЧК

Треба ли ДУИ да го смени својот пиар тим кој им се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Треба ли ДУИ да го смени својот пиар тим кој им се грижи за јавните настапи, изјави, прогами, реторики? Во 2024 година, се чини дека интегративиците кои сакаат да се претставуваат како европејци и државотворци, се уште се заглавени со замајување на јавноста со настаните од 2001 година. И во оваа преизборна кампања 23 години подоцна, партијата од Мала Речица сака да придобие гласови со нивното делување за време на немирите. Прават митинзи само со албански знамиња, скандирања УЧК и спобедуваат такви содржини на социјалните мрежи.

За ДУИ секој кој што ќе го спомене конфилктот го етикетираат како антиалбанец, неодговорен, провокатор. Тоа го направи и министерот за политички систем Груби, кој ја нападна кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска  дека била неодговорен политичар. Тој во статус на социјалните мрежи повика сите да гласаат за Европскиот фронт, и да ги спречеле интригите кои правеле поделби.

„Ова го носат неодговорните политичари. Затоа, гласот на целиот албански народ, вклучително и оние кои гласаа за опозицијата, и заедниците, мора да се построи зад Али Ахмети и Европскиот фронт за ВМРО да нема никаква шанса да си игра со судбината на Албанците. ОВК, другите заедници, медиумите, граѓанското општество, администрацијата и земјата. Вашиот глас за Европскиот фронт го блокира ВМРО и го запира нејзиниот моментум. Ајде да ги спречиме овие пакосни работи кои предизвикуваат поделби, сите гласот да го дадат на Али Ахмети – Европскиот фронт со 30 пратеници, па потоа да видиме како ќе се однесуваат“, напиша Груби.

Реклама

Претходно и Али Ахмети со заканувачки тон и порача на Силјановска Давкова „да внимава што зборува околу војната во 2001“.

Дел од аналитичарите велат дека овој изборен фолклор на ДУИ е застарена метода, мораат да одат напред со времето, а не да користат стари флоскули од други времиња. Аналитичарот Ристевски за Алфа вели, не може да се претставувате како европска партија, ако не ги почитувате европските вредности.

Апсолутно сметам дека е недозволиво и неразбирливо да одреден политички субјет по повеќе од 22 години постоење и после толку време демократија и партиципирање како дел од власта да излегува со ваква реторика на избори. Сметам дека не и доликува на политичка партија како ДУИ да повторно се навраќа на некои стари милитантни форми и реторика со закани, со закани, притисоци, давање изјави и повикување на УЧК и на 2001,вели Александар Ритевски – аналаитичар.

Според него, инагративиците треба да поработат на тоа какви пораки упатуваат и да направат промена во своето дејстуввање, односно да работата за народот, а не за одредена група на блиски привирзаници.

Мислам дека ДУИ треба да поработи на својата идеолошка матрица, која не треба да биде милитантна туку како оној симпатичен обид кога се обидоа да станат зелена партија за да се вкучат во европските зелени партии, што беше неуспешно како идеја и концепт. Посакувам да поработата на каузата, идејата за посоење и на одредена програма која ќе таргетира население според одредени барања и потреби, а не само некој етнички предзнак кој одамна го изгубија, Повече делуваат како клиентелистичка партија на мала група луѓе кои застапуваат некои свои лични интереси, вели Александар Ритевски – аналаитичар.

Додека ДУИ сеуште ги користат старите флоскули и тераат кампања на сеќавањата на 2001, токму тие ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ и нивниот слоган Твоја Македонија дека биле шовинистички.