Реклама

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Свет

Пропалестински протести на студенти во САД

Минатиот четврток, повеќе од 100 студенти беа уапсени на универзитетите низ САД.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Минатиот четврток, повеќе од 100 студенти беа уапсени на универзитетите низ САД. Протестите доаѓаат во време кога од училишните администратори се бара да го запрат антисемитизмот.

Гласот на Америка беше сведок на апсењата во Универзитетот Колумбија.

Една демонстрантка која одби да го каже своето име, кажа некои од барањата на студентите.

Реклама

„Тука сум да побарам итен прекин на огнот заедно со другите мои другари, за да можеме да добиеме хуманитарна помош за Газа“, рече една протестантка.

Професорката по архитектура Мери Меклаод ги изрази своите ставови за мерките што се преземаат за справување со демонстрациите.

„Не знам зошто мораа да ги донесат полицајците, да им стават лисици на студентите и зошто не можат да прифатат неколку поставени шатори, каде што студентите беа навистина мирни“, рече Мери Меклод, професорка на Универзитетот Колумбија.

Студентка од Колумбија, која се идентификувала како Еврејка од Аргентина, гледа поинаку.

„Многу е страшно. Не можам да се концентрирам за време на часот, бидејќи тие протестираат цел ден. Се плашам да кажам дека сум Евреин затоа што знаете дека таму има екстремисти. Држеа слики како го поддржуваат Хамас“, рече Рут Катја Роблс, студентка на Универзитетот Колумбија.

Протестите продолжија да се шират и во другите кампуси во САД.

Во вторникот, шаторски камп беше подигнат на Универзитетот во Калифорнија, Беркли во знак на поддршка за уапсените на универзитетите во Колумбија и Јеил. 

Во главниот град, студентите на Американскиот универзитет протестираа против внатрешните политики за кои велат дека се резултат на пропалестинските демонстрации на национално ниво и веќе ја ограничуваат нивната слобода на изразување.

Претседателот на Претставничкиот дом републиканецот Мајк Џонсон повика на оставка на претседателот на Универзитетот Колумбија, Минуш Шафик, за време на посетата на кампусот во средата.

Лидерот на малцинството во Претставничкиот дом, демократот Хаким Џефрис ги осуди сите форми на антисемитизам и повика на удвојување на напорите за зближување на заедниците.

Претседателот Џо Бајден исто така изјави за новинарите дека ги осудува антисемитските протести.

Експерт за религија и конфликти вели дека на академските институции им требаат места каде што студентите можат да имаат значајни дискусии.

„Треба да се биде многу внимателен кога се зборува за страните и да се признае дека има некои прашања во врска со правдата што ги спојуваат еврејските, муслиманските Палестинци и христијанските студенти на протестите. Навистина, прашањето е што постои длабока конфузија во тоа што точно и како да се дефинира антисемитизмот“, вели Аталија Омер, професорка на Универзитетот во Нотр Дам.

Во меѓувреме, бројот на загинати во Газа надмина повеќе од 34 илјади, според Министерството за здравство на Газа, и нема знаци дека војната меѓу Израел и Хамас наскоро ќе заврши.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон