Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Недостасуваат се повеќе лекови за болните со мултипла склероза

Неизвесноста додека ги чекаме лековите е ужас без крај – пациентите со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неизвесноста додека ги чекаме лековите е ужас без крај – пациентите со мултипла склероза во постојана битка за лекови. Ако до пред еден месец, дефицитирен беше само еден лек, сега недостигаат неколку, без кои пациентите со оваа дијагноза се ставени во ризик да им се влоши состојбата. Од Клиниката за неврологија не добивме одговор кога ќе пристигнат неопходните медикаменти за третман на болните со милтипла склероза. А тие, не бараат ништо повеќе, освен редовно да бидат снабдени со лекови од поновите генерации, кои обезбедуваат колку толку квалитетен живот.

“Самите пациенти алармираат,кај нас дека им недостасуваат терапии.И не можат да си ги подигнат по редовниот тек и да си ја примаат редовно терапијата.Пациентите се револтирани и разочарани од таа негрижа за нивното здравје” вели Ана Карајнова Димитрушева, претседател на Националното здружение за МС.

Пациентите со МС стравуваат дека состојбата драстично ќе им се влоши ако не ги добијат потребните терапии. Додека здравствените власти си играат топло ладно и не може да ги комплетира тендерите за набавка на лековите.

Реклама

“Ние пак, сме загрижени дека нередовното примање на терапијата може да доведе до активирање на самата болест каде што може да се влоши генералната здравствена состојба” изјави таа.

Статистиката покажува дека од повеќе од 1000 луѓе регистрирани со мултипла склероза на Неврологија, терапија земаат само половина од нив. Останатите болеста веќе ги врзала за кревет и не им помага никаква терапија.