Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

УНЕСКО пресече, во центарот на Охрид може да се гради катна гаража

Министерката за култура контра Националната комисија за Унеско-од позиција на претседател не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за култура контра Националната комисија за Унеско-од позиција на претседател не дава согласност и ја спори изградба за катна гаража во Охрид.Со ова, таа ја погазува одлуката на комисијата на Унеско која со 8 гласа “за” и 4 “против” даде зелено светло за изградба за објектот кој е од суштинско значење за градот.

-Имавме доволно време пред почетокот на летото да добиеме одобрение за градба и да ја започнеме постапката за изградба на катна гаража која сами ќе ја финансираме,вели градоначалникот Пецаков.Се согласив –додава тој на се’,прифатив се’ што бараше Националната комисија на Унеско само градот да го добие овој комерцијален објект,дури и со помала катност,но овој инает кој го тера министерката за култура не личи на ништо.

 “Нападите кои што конкретно се поврзани со Охрид а се инспирирани или инструирани од страна на министерството за култура,се повеќе од  хајка ама од друга страна не доликуваат затоа што не држат воопшто.Имаме работа со човек кој што ниту ја познава материјата, а уште помалку ја владее,а очигледно ниту сака да ја научи и единствениот кочничар на Охрид од денешен аспект е лично министерката”-вели Кирил Пецаков,градоначалник на Охрид

Реклама

Туристичкиот центар соочен со сообраќаен хаос и блокирани улици,при секој налет на гости буквално не функционира,но и покрај тоа,за министерката за култура катната гаража не било објект од јавен интерес.

“Од јавен интерес градби се училишта, градинки, спортски терени, меѓутоа катна гаража баш не е”-рече Бисера Стојческа,министер за култура

Инаку уште на почетокот на ланската година се одржа јавна дискусија на која беа присутни претставници на сите релевантни институции.По извршената стручна контрола проектот доби позитивно мислење од охридскиот Завод и музеј,а сега и Националната комисија на Унеско, но министерката за култура повторно ја оспори градбата на катна гаража.Луѓето купуваат плацеви на месечина, а Охрид 30 години се расправа со изградба на катна гаража-коментираат охриѓани.

Росица Голабоска