Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Асаф Еисин израелскиот ПИАР стратег работел во повеќе држави на Балканот

Асаф Еисин, израелскиот пиар гуру, ги чита пораките на бизнис мрежата Линкдин,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Асаф Еисин, израелскиот пиар гуру, ги чита пораките на бизнис мрежата Линкдин, но не одговара, а на Фејсбук воопшто не го ни отвара сандачето, доколку тој лично стои зад профилите на овие социјални мрежи.

Алфа со денови се обидува да искомуницира со него, по напливот на обвинувања дека тој е платен со валкан кеш од тендери на РЕК Битола и дека е експерт за црни кампањи преку фалсификувани документи и лажни вести.

Израелецот по се изгледа најногу се плаши од израелската клетва: Да имаш, па да немаш, па така иако млати милиони за пиар стратегии на интернет речиси и нема ништо. Нема инфорации ниту за компанијата за консалтинг од Лондон ЕСБР на чие чело е токму тој.

Реклама

Инаку Асаф Еисин не се поврзува со политички кампањи само во Македонија туку и во други земји во регионот. Очигледно посебен фокус му е Балканот. Така, според српските медиуми со години работел и за тамошниот претседател Александар Вучиќ обезбедувајќи му последователни изборни победи.

Извор: Преокрет.инфо

„Вучиќ и Еисин својот однос и доверба ги граделе со години и на крајот и имаат видливи резултати. Еисин е опишуван и како ‘агенција за победување на избори’ а неговите досегашни резултати покажуваат дека овој опис е соодветен“.

Еисин работел со политичари и во Словенија, Австрија, Босна и Херцеговина како и во Романија.

Според медиумите во регионот тој работел и за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а е ученик на познатиот израелски политички консултант Тал Силберстејн кој во 2017 се соочил со обвинение за перење на пари за валканата кампања на австриските политички апртии.

Кај нас неговото име се поврзува со сериозните сомнежи за кеш на рака и испумпување државни пари за финансирање на партиската кампања на владејачката партија.

Актуелниот претседател Стево Пендаровски призна дека се сретнал со него и дека тој бил консултант ангажиран од страна на СДСМ. Лидерот на партијата, пак, упорно тврди дека немало ништо спорно и дека се ќе се видело во конечните финансиски извештаи по изборите.

Опозицијата подолго време предупредува дека Асаф Еисин е ангажиран на црно и прашува дали се плаќа со испумпани пари од државните електрани преку сомнителни тендери, пред се со Марковски компани, фирма во сопственост на белорускиот почесен конзул која важи за исклучително блиска до СДСМ.

Ако Израелецот е плаќан со државни провизии под маса, тоа секако нема да се види во документите за кои зборува Димитар Ковачевски.