Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Датум – омилениот збор на власта: Колку непостоечки европски успеси прославија Заев и Ковачевски?!

Датум, датум, датум. Можеби и омилениот збор на власта предводена од СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Датум, датум, датум. Можеби и омилениот збор на власта предводена од СДСМ и ДУИ. Првиот датум за старт на преговори со ЕУ, кој го видоа само функционерите, го добивме на 26-ти јуни 2018-та, само 11 дена по парафот на Преспанскиот договор. Непостоечкиот голем успех тогаш со селфи од авион го прославија Заев, Османи, Анѓушев и Димитров.

-Во авион штотуку примив одлична вест… Република Македонија доби датум за старт на преговори за членство во ЕУ!, се фалеше Заев од авион.

Еуфоријата за нешто непостоечко, траеше подолго време кај власта. Од авион се префрли и во Собрание. Тогаш барем во главата на поранешниопт премиер започна и скрининг процесот.

Реклама

-Скрининг процес почнува на 17 јули овде во Македонија. Тоа е доказ дека Македонија доби датум за преговори, доказ е дека Европскиот Совет никогаш повеќе нема да се навраќа да утврдува датум за преговори, изјави Заев во Собранието на 02.07.2018.

За датумот кој го немаше Заев дури и им порача на политичките ривали дека можеле да пукнат што не го постигнале овој голем успех.

-Датум за преговори имаме за 12 месеци, а вие може да пукнете ако сакате што не го решивте ова прашање, порача Заев од Собранието.  

Датумот кој според власта го добивме во 2018-та го снема. Ама дојде нов датум кој го немаше, сега во 2019-та, а тогаш Заев непостоечкиот европски успех си го искористи и во предизборна кампања. 

-Прво во Шуто Оризари сакам да ја споделам убавата вест. Пред неколку часа се вратив од Берлин. Нашата заедничка земја конечно отвора поглавја, почнува да преговара, велеше Заев во кампања на 30 април 2019-та година.

2020-та ги копираше претходните две години, па Македонија повторно ги стартуваше преговорите. На 25-ти март 2020-та Заев ни порача дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може.

-Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската унија. Историската грешка е исправена, нема веќе никакви пречки, ниту услови. Првата меѓувладина конференција ќе се одржи што може порано, кажа во март 2020-та Заев.

По трите евроеуфорични години, следуваше депресивната за власта 2021-ва. Датумот го снема, причината првото бугарско вето. Тука и спласна и оптимизмот кај Заев.

-Станува збор за неодговорна и тешка геостратешка грешка, кажа Заев.

Покрај повеќето датуми, Македонија повеќе пати го стартуваше и скрининг процесот. Иако Заев тврдеше дека започнал во 2018-та, Маричиќ после тврдеше дека почнал во 2022-ра.

-Значи сето тоа што сме го поминале се зема предвид, овие шест недели од септември натаму ќе бидат само ажурирање на тоа што е ново донесено до 2019-та до денес, кажа Маричиќ.

Еврооптимист без никаква причина беше и наследникот на Заев, Димитар Ковачевски. Иако Македонија се уште не ги има ни отворено преговорите, тој е уверен дека до 2030-та ќе сме станеле членка на ЕУ.

-Колку и да звучи амбициозно, јас и сите ние во Владата веруваме дека Македонија има политички капацитети, кои можат да допринесат по успешно завршениот скрининг процес во ноември, со динамично темпо да влеземе во преговарачкиот процес и до 2030-та да станеме земја членка на Европската Унија, изјави Ковачевски на 17-ти март 2023-та.

Македонија промени име, властодршците прифатија се што Бугарија побара, а за возврат Македонија од ЕУ доби прва меѓувладина конференција за сликање, но не и реален старт на преговорите со ЕУ, иако од Илинденска се обидуваат да продадат друга приказна. Добивме и пораки од голем број европски политичари, дека ако сакаме да напредуваме кон ЕУ, мораме многу повеќе да работиме на домашните проблеми, како борбата со корупцијата, економијата и условите во правосудството.

И по седум години власт на СДСМ и ДУИ, Македонија се уште не го доби толку најавуваниот датум за датум за старт на преговори со Европската Унија.

Матеја Петровски