Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Лефков: Дали Пендаровски се кандидира под присила зошто никој друг не сака да губи

„Стево Пендаровски нема кредибилитет да биде претседател на републиката. Пендаровски не држи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Стево Пендаровски нема кредибилитет да биде претседател на републиката. Пендаровски не држи до сопствениот збор и менува ставови во рок од неколку часа. Во претстојниот период ќе ја потсетиме јавноста зошто Стево Пендаровски не треба да биде претседател. Прв и најмаркантен пример зошто Пендаровски нема капацитет за претседател е неговата неспособност да додржи на својот став“, рече Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

„На 6 декември Стево Пендаровски лично кажа дека не планира да се кандидира за втор мандат. Тоа е објавено од медиумите во 14:13, за само час и неколку минути подоцна во 15:19 тој да биде демантиран од неговиот кабинет дека бил погрешно разбран.

Што кажа Пендаровски на 6ти декември? Имено тој прашан дали размислува да се кандидира за нов мандат, кусо и децидно одговори: НЕ. Како НЕ на Пендаровски стана да за неколку часа?

Реклама

Дали личниот став на Пендаровски, кој исто како и останатите политички чинители во државата ги гледа анкетите, но и знае колкава штета имаат направено тој и СДС е да не се кандидира? И дали се кандидира под присила на Ковачевски, Маричиќ и Зечевиќ затоа што никој друг во СДС не сака да го носи поразот на грб, па ниту Оливер Спасовски, кој до последен момент мереше дали има математика за влегување во трка?

Стево Пендаровски како претседател се покажа исклучително слаб, често демантиран од своите соработници, владата или од самиот себе по неколку часа или неколку дена.

Со Стево Пендаровски, Македонија може да оди само назад, кон нови понижувања и порази. Стево Пендаровски го гази достоинството на народот и на државата“, изјави Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.