Реклама
Прилози

Бујар Османи го партизира МНР: Македонската дипломатија засилено се „ДУИЗИРА“ последниве години

Бујар Османи во засилена офанзива да ја „дуизира“ македонската дипломатија – низ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бујар Османи во засилена офанзива да ја „дуизира“ македонската дипломатија – низ годините десетици партиски кадри беа вдомени во амбасадите низ светот.

Партизираноста на МНР отсекогаш била проблем, но со овој министер тој ескалира, вели амбасадорот и поранешен претседател на дипломатскиот Синдикат Зоран Дабиќ.

-Со доаѓањето на министерот Османи тоа кулминира и не би претерал ако кажам дека МНР полека станува партизиран монструм. Тоа е институција кај што веќе речиси нема напредување според заслуги, според знаење, според квалитетот во извршената работа, туку очигледно партиските квалитети се пресудни, изјави Дабиќ.

Реклама

Еден од последните кој замина во Берлин на позиција амбасадор е Илбер Села, кој пред тоа беше директор на Агенцијата за спроведување на законот за јазиците на предлог на Интегративците.

Шпенд Садики, кој беше предлог на Османи во работната група за убедување за уставните измени, замина во Израел.

Од претходно испратен на дипломатски мисија е и Агрон Буџаку на позиција амбасадор во Канада. Тој има богата партиска кариера, бил министер за транспорт и врски, потпретседател на Собранието, директор на ЦУК, а и кандидат за претседател на Македонија на ДУИ во 2009-та година.

Во Данска е Фатон Бејта, внук на поранешниот градоначалник на Гостивар од ДУИ, Невзат Бејта. Во Обединетите Арапски Емирати е Абдулкадар Мемеди, кој во периодот од 2008-ма до 2012-та година бил државен секретар во МНР.

Во Казахстан е испратен Сали Лимани, кој немал партиска функција во ДУИ, но според одредедени медиуми во минатото бил активен во кампањите на Интегративците.

Во Норвешка е испратен Дритон Кучи, кој според фотографиите на Фејсбук е дел од локалниот огранок на ДУИ во Чаир, од каде доаѓа и Артан Груби.

Партиска функција нема амбасадорот испратен во Хрватска Милаим Фетаи, но тој на Фејсбук има фотографии со Талат Џафери, како и со заменик министерот во правда Агим Нухиу.

Во Швајцарија е испратен Реџеп Демири, борец од УЧК од 2001-ва година

Сепак, Бујар Османи не успеа баш во туркањето на сите партиски кадри. Теута Арифи не доби агреман за Брисел. Уште еден неуспешен обид беше за генерален конзул во Њујорк да биде испратена ТВ презентерката Бесмира Ејупи.

Според Дабиќ тука успехот е кај Синдикатот кој навремено предупредил за планот на Османи.

-Имаше една ТВ презентерка која требаше да оди замислете за генерален конзул во Њујорк, тоа е работа во конзуларниот кор, еднавка на амбасадорска во дипломатскиот кор. И за среќа мислам таа работа излезе на виделина со време и се виде целата глупост на еден таков потег, изјави Дабиќ.

Според амбасадорот Ристо Никовски ова е еден од начините на ДУИ да покаже и моќ во коалицијата и доказ дека државата во моментов е целосно во нивни раце.

-Избирањето на амбасадорите веќе одамна се прави меѓу партиите, со тоа се делегитимира државата, а ова сега кога дефакто ДУИ ја има целосно власта во државата, нормално е да ги делегира своите членови, своите симпатизери и на амбасадорски места низ светот, изјави Никовски.

За обиди за партизација на дипломатијата обинуваат и од Македонскиот дипломатски синдикат, велејќи дека за амбасадор во Унгарија, Османи сака да го испрати Илми Селами, поранешен заменик директор на Статистика, кадар на ДУИ. Но и дека за генерален конзул во Њујорк сака да го испрати Мухди Синани, кој неодамна бил вработен во МНР и не ги исполнувал условите за таа позиција.

Матеја Петровски