Реклама
Прилози

ДУИ главни секаде: Францускиот предлог бил пишуван во Мала Речица кај Али Ахмети?!

Ниту во Париз, ниту во Софија, ниту во Скопје. Францускиот предлог е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту во Париз, ниту во Софија, ниту во Скопје. Францускиот предлог е напишан во Мала Речица од страна претставници на ДУИ и бугарски дипломати. Според пратеникот Павле Трајанов кој до неодамна беше дел од владината коалиција, автори на преговарачката рамка за Македонија не се Ковачевски, Петков или Макрон, туку Али Ахмети и неговите сопартијци во соработка со луѓе од Бугарија.

-Според моите информации значи францускиот предлог, преговарачката рамка не е подготвувана ни во Скопје, ни во Софија, уште помалку во Париз, туку во Мала Речица. Таму голем број на дипломати од Бугарија, таму доаѓале. Тоа треба добро да се истражи, службите нека го проверат, таму е подготвуван помеѓу претставници на ДУИ и на Бугарија, изјави Павле Трајанов.

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски, вели јасно е дека ДУИ и официјално биле дел од авторите на овој предлог, бидејќи го преговарал министерот за надворешни работи Бујар Османи. Според него тоа бил најпоразителен можен момент за Македонија, бидејќи целосно не оддалечува од Европската Унија.

Реклама

-Сите тие делови од тој Француски т.н. предлог дефакто овој договор е антимакедонски против суштинските и фундаменталните интереси на македонскиот народ и врз основа и преговарачката рамка. Ви тврдам најдговорно дека со оваа преговарачка рамка, а тоа се дефакто протоколите пред се, а не договорот со Бугарија, Македонија нема никогаш да влезе во Европската Унија, изјави Никовски.

Инаку, со Францускиот предлог и двата протоколи кои се дел од него, Македонија прифати сите услови на Бугарија да станат и услови на Европската Унија, во прв ред спорните историски прашања. Па така и да ги започнеме преговорите официјална Софија би можела да не блокира доколку не ги прифатиме сите нивни барања на историски план.

Матеја Петровски