Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Прилози

Хаос во градскиот превоз – автобусите постојано доцнат или не се појавуваат

Градот ги закрпи дупките во буџетот на jавното сообраќајно претпријатие, но, ЈСП…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градот ги закрпи дупките во буџетот на jавното сообраќајно претпријатие, но, ЈСП не ги закрпи дупките во својата работа. Автобусите повторно доцнат, а со тоа, скопјани не стигнуваат навреме на работа или пропуштаат лекарски термини. Некои автобуси, воопшто не се ни појавуваат. Граѓаните велат, не се задоволни од јавниот превоз во Скопје. Да се возиш со ЈСП значи да немаш достоинство, оти често нема каде да се седн, па се гужваме како риби во конзерва и постојано се мрзнеме.

За разлика од другите метрополи, каде функцинираат и трамвајски или метро системи, во Скопје, јавниот превоз се уште се потпира исклучиво на автобуси.

Долго најавуваниот БРТ или „Bus rapid transit“ системот никако да се оставари. Хроничниот недостаток на алтернативи за јавен превоз во главниот град, Скопје се обиде да го надмине со тротинети. Кои се пак далеку поскапи од користењето на автобус.

Реклама

За тоа, до каде е реализацијата на БРТ системот и кога се очекува да започне изведбата на проектот, прашавме и во Град Скопје. Но, по обичај, откако Данела Арсовска раководи со градот, одгвори за јавноста не добивме.

Неодамна, скопското јавно сообраќајно претпријатие, повторно беше во центарот на вниманието, откако на вработените им доцнеше декемвриската плата. ЈСП бараше амин од советот на градот за дополнителни 11 милиони евра, иако буџет за 2023та, веќе имаше – додека пак градското собрание за возврат, бараше отчет за тоа, каде се парите. ЈСП парите ги доби, но, советниците се пожалија оти повторно остануваат без извештај за тоа, како работи претпријатието.

Никола Цветкоски