Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Скандалозна ДУИ: ВИП третман само за новинари од Косово и Албанија, Џафери го славеа со виски и пури кај Ахмети во канцеларија во Собрание

Злоупотреба на службени возила за пропагандни цели, координирани портали директно од Артан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Злоупотреба на службени возила за пропагандни цели, координирани портали директно од Артан Груби за изборот на Талат Џафери за технички премиер, избрани странски новинари од ДУИ со ВИП третман во Собранието, кои имаа посебно место во делот резервиран за дипломатите, каде домашните новинари не смеат да се приближат.

Како да се во Косово или Албанија. Таму беа Батон Бужала- аналитичар од Косово, Адриатик Келменди- новинар од Клан Косово, Бленди Февзиу- водител на ТВ-шоуто Мислење на Клан Албанија и Берат Бужала- главен и одговорен уредник на косовскиот портал „Национале“.

Пропагнадната машинерија со работа започна уште рано утрината од домот на Талат Џафери, со директен пренос на Клан Косово. Од таму со актуелниот технички премиер накај Собранието замина, Адриатик Келменди.

Реклама

Џафери со новинарот влезе и во службениот автомобил од каде беше испратен од целото семејство и дел од соседите.

Како што објави ПорталИкс она што предизвика посебно внимание е што имаше тројца избрани новинари и еден аналитичар, кој имаа целосен ВИП третман, а покрај посебните места Собранието, добија и целодневен превоз со службените возила од Министерството на Артан Груби.

-Вие да ни кажете дали ДУИ ве плаќа да дојдете овде да пропагирате, затоа што овде веќе не им поминува? Се брзаме затоа што имаме емисија… Прашај ме: Зошто сум дошол? Дали има некој интерес за тебе? Дали си бил на слични настани?, се правдаше еден од новнарите.

А новинарите специјално повикани од Косово и Албанија, ја снимаа атмосферата во домот на братот на Џафери, па можевме да видиме како изгледаше моментот кога поранешниот командат Форина официјално стана технички премиер.

А од таму пристигна и најголемата пофалба за техничкиот премиер. За неговиот брат Нешат Џафери, тој бил поинтелигентен дури можеби и од Алберт Ајнштајн.

-Има големо искуство и многу работи. И да дојде по полноќ, не одмора, прво ќе чита нешто, а има коефициент на Ајнштајн, можеби и поголем, изјави Нешат Џафери.

А како се славеше во собраниската канцеларија на Али Ахмети? Со виски, пури и цигари. Вака највисокото раководство на ДУИ и уште неколку гости, предводено со песна од партискиот лидер, ја прослави премиерската позиција на „Ајнштајн од Форино“, поранешниот командант во УЧК, Талат Џафери.

Прославата започна уште пред почетокот на собраниската седница, во неофицијалниот штаб на ДУИ, Министерството за политички систем на Артан Груби. И таму Ахмети пееше, а повторно беше и прекршен и законот за пушење цигари во затворен простор.

Матеја Петровски