Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Креативноста на ДУИ нема граници: Владата да биде биде над Судот и да одлучува за судбината на оние од црната листа на САД

Владата се става над правосудството, ќе стане главен судија, ако се оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата се става над правосудството, ќе стане главен судија, ако се оствари предлогот на Бујар Османи. Според законското решение за рестрикции судбината на оние од црната листа на САД, ќе биде во рацете на премиерот и колегите, дури и без правосилна судска пресуда.

За нечиј мандат да заврши предвреме мора да се исполнат одредени услови. Според предлогот првиот е да има обвинение, но тоа нема да биде доволно. Финалниот збор кој ќе биде на функционер, чиј имот ќе се конфискува, која фирма нема да смее да учествува на државни тендери ќе биде во рецете на Владата.

Доколку помине на Влада и во Собрание, покрај за црната листа на САД, ќе важи и за  рестиктивните мерки на Велика Британија. Државните институции ќе имаат задолжение да ги достават до Обвинителство сите докази поради кои некое лице завршило на црната листа.

Реклама

-А Јавното Обвинителство се задолжува веднаш да почне постапка, тоа е кривична постапка, вклучувајќи и конфискација на имот. И доколку заврши таа истрага со подигнување на обвинение, тогаш се воведуваат два нови инструменти, а тоа е времено престанување вршење на јавна функција и забрана за учество во процесот на јавни набавки се до правосилна судска одлука, изјави Османи.

Она што можеби е проблематично е правото на владино селективно одлучување кој би останал, а кој не на функција, и кон кого би биле активирани мерките. МНР, МВР, Агенцијата за разузнавање, АНБ и Управата за финансиско разузнавање, можат само да испратат предлог до Илинденска, а последниот збор ќе го имаат премиерот и колегите на владина седница.

-На крај пак останува одлука на Владата, дали ќе донесе одлука, кој вид на одлука ќе ја донесе и кон кого ќе ја однесе. Значи сето тоа е прашање кое што е во надлежност на самата Влада. Значи нема поинаков начин, се друго би било противуставно, кажа Османи.

Османи поддржува овој предлог закон во Собранието да влезе што побрзо, а да биде донесен со европско знаменце и покрај тоа што на министерот дел од експертите директно му посочиле дека ваков предлог  е контра европската конвенција за човекови права.

-Експертите од Министерството за правда и за ова сметаат дека е надвор од европската конвенција за човекови права, презумција на невиност, завршување на судски одлуки.  Јас имав консултации и со други експерти и на крај правниците од Министерството за надворешни работи, изјави Османи.

Како причини за можно воведување рестрикции, покрај законите за меѓународна безбедност и демократијата, според предложеното ќе бидат корупцијата, злоупотреба на службената должност и хибридните закани кон државата.

Матеја Петровски