Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Што ќе биде со личните документи? Мораме да ја прашаме Грција ако сакаме да го пролонгираме рокот за нивно менување

Ќе мораме да ја прашуваме Грција па евентуално да го прологнираме последниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе мораме да ја прашуваме Грција па евентуално да го прологнираме последниот рок за менувањето на личните документи со новото име на државата. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека тој и неговата Влада, не можеле ништо во оваа ситуација. Вака премиерот, му одговори на пораката на македонскиот претседател, Стево Пендаровски, дека потребно било да се променат само два закони, со цел, наместо 12-ти февруари, крајниот рок да биде септември или октомври.  

-Оваа обврска е наведена во закон, така да не можете да кажете дека Владата нешто направила, бидејќи сепак се работи за законски решенија, за уставни измени кои што се правени во Собранието. Па и еве претседателот Пендаровски што има предлог, да видиме дали можат да бидат направени тие законски измени. Бидејќи да направите законски без согласност на сите кои што се потпишани, а се работи за меѓународниу документи, не би било така едноставно и прашање колку би било применливо. Е сега, сепак ќе пробаме се, изјави Ковачевски.

Какафонијата меѓу шефот на државата и премиерот, дополнително ги збунува граѓаните, кои од џеб плаќаат за промена на документи, иако им важат уште години во иднина. Доколку е можно да дојде до пролонгирање на крајниот рок,  Ковачевски вели дека нема ништо против. Сега ќе се консултирал со министрите кои разговарале со Пендаровски, а го повика и претседателот да разговарал со својата грчка колешка. Ваквата „префрлање на топка бирократија“ повторно не го решава проблемот, а нервозата заради неизвесност, расте.

Реклама

-Прво ќе се консултирам со двајцата министри со кои што разговарал претседателот. Сите предлози за мене се добри кои што треба да унапредат нешто. Верувам дека и претседателот може да се слушне со претсдателката на Грција, бидејќи сепак тоа е нивото на кое што може да се комуницира. Ќе поразговараме на седница на Влада, во однос на можноста ова да се направи, изјави Ковачевски.

Според Пендаровски она што го гледаме на пунктовите за фотографирање и подигнување на личните документи, било срамно понижување на македонските граѓаните. Според него потребно била мала промена на законите за лична карта и патна исправа, ако е потребно и за безбедност, со цел пролонгирање на последниот рок. Пендаровски, индиректно карајќи ја владата, нагласува дека за ова било потребно само едно попладне.

Колку за потсетување, промената можеше да почне уште веднаш по потпишувањето на Преспанскиот договор, но тогаш МВР немаше обрасци за пасоши со новото име, а и тендерската постапка беше пропратена со скандали.

Матеја Петровски