Беким Незири е само јаготка на шлагот на скандалите на ДУИ, барем засега. Скандалозниот напад на контролорите на летање, е само дел од и повеќе од поголем број дејствија на интегративците за кои постои сомнеж за сторен криминал. Инаку, Незири е поранешен министер, а во моментов шеф на чаирскиот огранок на партијата на Ахмети и човек кој на партиски настан го прогласи Артан Груби за премиер во државата.
-Да го поздравиме премиерот Албанец, господинот Артан Груби, порача Незири.
Барем последниве години скандалите на ДУИ се главно поврзани со финансиите. Фирмите блиски до нив едноставно станаа магнет за државни пари. Најчестиот пример е Арберија Дизајн, која што е омилената фирма на партијата од Мала Речица, но и нејзин наголем донатор од 2015-та па година. Тие во минативе години имаат добиено повеќе од шест милиони евра од државата.

Арберија, кога функционерите на ДУИ даруваат државни милиони, но пред медиумите не сакаат да зборат за оваа фирма.
-Не знам. Како да демантирам или да потврдам кога не знам. Не сум во тек со тоа, изјави Груби на 03.09.2022-ра година.
Друга фирма која доби милиони од државата е најголем донатор на ДУИ, за 2022-ра година е и Еуровиа. Тие за организација на самитот на ОБСЕ добија речиси 2 милиони евра. Бујар Османи, иако партиски потпретседател на Ахмети, воопшто не знаел дека Еуровиа донирала во неговата партија, ја избрале зошто едноставно имале најдобра понуда.
-Само да прекинеме со ова брукање на државата, ќе ни дојдат 70 министри, од државен секретар на САД, преку сите министри. Градиме имиџ на државата кој што никогаш не го имала. И сега во овој лов на вештерки за кој што нема основа едноставно е избрана компанија која што четири пати поевтина, ги испонува сите криетируми, законот вели не смеете да ја одбиете и веќе три дена се прават конспирации околу оваа тема, изјави Османи.
ДУИ не беше баш фина ни кон медиумите кои известуваат за скандалите поврзани со нив, во прв ред со Алфа.
-Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира на непријателите на Албанците, тие „аплаудираат“. Алфа, Телма, Мелма, тоа се тие. Што добија Албанците кои беа поделени во минатото, што? Не добија ништо, порача Ахмети.
Во низа скандали барем последнава година беше вклучено и семејството и блиските на повеќемина од ДУИ, меѓу кои и лидерот. Последно беше неговиот внук кој беше фатен со пиротехнички средства, а пред тоа за нула евра дојде до 39 проценти од Трговскиот центар Соравија во центарот на Скопје, кој е проценет на повеќе од 30 милиони евра. И кога е правосудството во прашање и тука има сомнежи за вмешаност во ДУИ. За прв човек на Обвинителството за гонење организиран криминал беше избран соседот на Ахмети, Ислам Абази, кој можевме да го видиме на фотографија со братот на лидерот на ДУИ, Фекри Ахмети, инаку татко на Дрин.
Матеја Петровски
