365 дена никогаш не било полошо, 600.000 граѓани живеат на работ на сиромаштија, а 1 милијарда денари одат во џебовите на Ковачевски и министрите на СДС и ДУИ за повисоки плати, важно е да ги поразиме“, истакнува ВМРО ДПМНЕ.
Во најновото партиско соопштение, опоцизијата ја илустрира политиката на СДСМ и ДУИ и како таа се одразила врз граѓаните на Македонија.
„365 дена порази, понижувања, беда и сиромаштија донесе владата на СДС и ДУИ за граѓаните на Македонија. 365 дена мизерија за народот. 365 дена скандали, криминал и корупација. 365 дена богатење и привилегии за функционерите на владата на СДС и ДУИ.

И додека 600.000 наши сограѓани живеат на работ на сиромаштијата, власта на СДС и ДУИ си ги зголеми платите за дури 78 проценти или над 2.500 евра месечно.
80 милиони денари месечно или скоро 1 милијарда денари годишно од државниот буџет ќе одат во џебовите на владините функционери за повисоки плати.
Во Македонија со СДС и ДУИ никогаш не било полошо, затоа важно е да ги поразиме“, порача, меѓудругото ВМРО ДПМНЕ.
